Награди
- Дома
- Награди
Добитник е на поголем број награди за својата сценаристичка, драматуршка, критичарска и новинарска дејност, меѓу нив:
- двапати добитник на Наградата “13. ноември” – за сценариото “Ѕвездите на 42-та” (1987); и за повеќегодишна драматуршка дејност (2002.);
- на три признанија на конкурси на МТВ за долгометражни играни сценарија: Втора награда за сценариото “Луѓе без адреса” (1976.); Прва награда за сценариото на “Ѕвездите на ’42-та” (1984.) и Откуп за сценариото “Скопски сновиденија” (1987);
- Наградата за критика за филмско-критичарската дејност, (1986.);
- Плакета на НОМСМ за новинарство и дејноста во весникот “Млад борец” (1986.);
- Наградата за новинарство “Крсте П. Мисирков” (1992.);
- Прва награда на конкурс на Фондацијата “Отворено општество” за сценарио за комплетно осмислената интер-етничка медиска кампања “Заедно до надежта” (1993.);
- Трета (и единствена) награда на конкурсот на МТВ за играно сценарио за “Смок лета по небото” (1999.);
- Прва награда на Фондацијата “11 март 1943.” при МАНУ за холокауст новелата “Сликата на тетка Рашела” (1999.) ;
- Прва награда на конкурсот на Фестивалот на монодрамата во Битола за монодрамата “Уште едно небо” (2002.);
- Државна награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за публицистика за второто издание на неговата книга “Стрип-запис со човечки лик” (2004);
- Награда „Мајстори на прозата“ за книгата јудео-балкански есеи „Светилка за Ханука“ (2009);
- Награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за романот „Дваесет и првиот (книга на фантазми)“ (2010);[4]
- Награда „Урбан“ за романот „Зад аголот“ (2013);
- Прва награда за песната „L`Amore“ на меѓународниот конкурс „Angelo La Vecchia-Antevo slovo“ во Canicatti, Italia (2017);
- Државна награда „Св. Климент Охридски“ – највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во културата и уметноста од интерес за Република Македонија (2018);
- Награда „Рациново признание“ за „Парадоксикон“, најдобра прозна книга меѓу две Рацинови средби (2020);
- Награда 11 Октомври во 2022 година;