Животопис

Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 30 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика.

Автор е на три романи преведени и во странство.

Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број екс-југословенски списанија. Бил член на редакциите на списанијата “Идеје” (Белград), “Разгледи”, “Културен живот”, “Театарски гласник” и “Macedonian PEN review” (Скопје).

  1.  Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.185 – 186.

Неговата студија “Филмот и политичкото” (1981) во националната филмска историја (Кинотека на Македонија, “Кинопис” бр. 13 и др.) се бележи како првата македонска теоретска книга посветена на Седмата уметност, а теоретската книга “Стрип запис со човечки лик” (1987. и 2002.) е сè уште е единствената македонска теоретска книга посветена на уметноста и на медиумот на стрипот. Со овие две книги Т. Османли отвора пионерски домени во теоријата на овие две актуелни, драмски фундирани дисциплини.

Член е на Друштвото на писателите. Член е на македонскиот ПЕН трипати избиран во неговото Претседателство. Бил претседател на Филмската младина на Македонија, претседател на Советот на Младиот отворен театар, член на Советот на Републичкиот секретаријат за Образование, наука и култура, член на Комисијата за културни односи со странство и на други општествени тела.

Двапати е именуван за Претседател на УО на “Кинотеката на Македонија” која фукција ја обавува и денес. Член е и на УО на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Од 1976 година работел како новинар и уредник, секогаш на рубрики или програми од културата: уредник на “Координати”, месечниот прилог за култура, наука и уметност на неделникот “Млад борец”, заменик главен уредник на весникот “Млад борец”, новинар во македонското издание на весникот „Комунист“, потоа уредник за култура на магазинот “21” на којшто тој му го предложи и името, уредник-коментатор во дневниот весник “Нова Македонија” и во тек на 18 години одговорен уредник на културно-уметничката програма на Телевизија “Телма” во Скопје се’ до нејзиното укинување во 2015 година.

Денес е слободен уметник; писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни наводи.

За својата разновидна уметничка и новинарска работа, добитник е на близу дваесет уметнички, стручни и државни награди.