Спилиони
- Дома
- Спилиони
С п и л и о н и
Драма
Според мотивате на новелата “Рашела”,
добитник на Првата награда
на Книжевниот конкурс на МАНУ
и Фондот “11.март 1943”
во 1999. година.
На македонски, англиски, српски/хрватски и полски на интернет
http://tomislavosmanli.mk/рашела/
Л и ц а :
Рашела, девојка на 18 години, Еврејка од Битола
Димитрија, 5 години
Тома, постар брат, близу 14 години
Ѓорѓи, најстар брат, 20 години
Евридика, нивна мајка
Дијаманди, нивен татко
Панду Лавда, брат на Евридика, нивен вујко
Фидан, пријател и врсник на Ѓорѓи
Поручникот, Јозеф Враницки, музичар, Австриец
Комесарот, Коев, полицаец
Иван Захариев, делегат на државниот Комесаријат за еврејски прашања
Јосиф, од новиот завет/Исак, чевлар, татко на Рашела
Богородица/Мајка, на Рашела, сенка
Тројцата мудреци, новозаветни ликови
Двајца браќа, на Рашела
Сестра, на Рашела
Полицаец, бугарски
Дејствието се случува во Битола, во очи и за време на Втората светска војна
БОЖИКЕН СПИЛИОН
Во позадината заблеснува раскошен ѕвезден свод. Се слушаат ѕунења на мелодии од божиќни песни.
Сноп светлина на сцената го осветлува Димитрија, 5-годишно дете, со мазно исчешлана коса, во сиви панталончиња со платка.
Врне снег.
Во рацете држи кутија.
ДИМИТРИЈА (off, детски глас):
“ ОД СИТЕ ПРАЗНИЦИ НАЈМНОГУ ГО САКАМ БОЖИК. НА БОЖИК СИТЕ СМЕ ДОБРИ. ЈАС ОДАМ НА КОЛЕДЕ, МОИТЕ БРАЌА НЕ ПРАВАТ БЕЉИ. ПОСТАРИОТ БРАТ УБАВО СВИРИ НА ВИОЛИНА, А СРЕДНИОТ МЕ НОСИ НА БИСОКОП. МАМА МУ СЕ НАСМЕВНУВА НА ТАТО, А ТАТО МАЛКУ СЕ КАРА СО ВУЈКО МИ ПАНДУ ЛАВДА. ТАТО ВЕЛИ ДЕКА ВУЈКО МИ ПАНДУ Е СТАР БЕЌАР И ЕДНА НЕСРЕЌА ШТО ЦЕЛ ЖИВОТ ЖИВЕЕ СО НАС. НА БОЖИК ТАТО ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ МИ КУПИ ВЕЛИСИПЕД. НИКОЈ НЕ НЕ’ КАРА И НЕ НЕ’ ТЕПА КОГА ЌЕ НАПРАВИМЕ НЕКОЈА ГРЕШКА. ЗАШТО БОЖИК Е ПРАЗНИК НА ЉУБОВТА. НА БОЖИК СИТЕ СЕ РАДОСНИ. “
ДИМИТРИЈА (во живо):
БОЖИК Е УБАВ ПРАЗНИК ЗАШТО ПРАВИМЕ СПИЛИОНИ, КАКО ОНОЈ ВО КОЈ Е РОДЕН НАШИОТ СПАСИТЕЛ.
Детето ја врти кутијата, откривајќи дека во рацете држи Спилон или “вертеп”, макета од пештерата на Христовото рождество.
(Музика.)
Ненадејно, во позадината на сцената, заблеснува – но овој пат во реална величнина – Пештерата на Христовото рождество, а во неа се, живи, Марија, Јосиф со пастирски стап во раката, и јаслите на бебето Исус. Наспроти традиционалната претстава на овој мотив, и таму врне снег.
Се појавуваат тројцата Мудреци од Исток, се поклонуваат и покорно клекнуваат пред јаслите. На небото се појавува Источната ѕвезда. С# личи на величествена и идилична претстава од слика.
(Во музиката, одново се замешува божиќното ѕунење.)
Димитрија, како да ја гледа оваа слика во својата лична претства, се насмевнува.
Марија и Јосиф ги свртуваат погледите кон публиката. Тоа се директни, серизони, речиси сомилосно-прашални, а сепак тревожни погледи. Марија крикнува. Крикот & е нем. Изразот драматичен.
Музиката достигнува крешчендо.
Источната ѕвезда гасне, а светлото и катехетскиот сценски приказ сосем исчезнуваат.
ИСТОК
Децата, Ѓорѓи и Тома, на земја играат “икончиња”. Средниот син, Тома, пее божикна песна на српски.
ТОМА:
“На колена падоше, падоше, Христа бога мољаше”. Тебе ти е редот, Ѓорѓи. Ајде фрлај побрзо, да ти ги соберам и овие икончиња!
Ѓорѓи, средниот син, ги фрла икончињата во воздух.Од надвор се слуша песна на коледарчињата. Очигледно исходот од фрлањето е позитивен. Ѓорѓи се радува и ги собира сликичките. Ја прифаќа божикната тема, но наспртоти брат му, ја пее коледарската песна…
ЃОРЃИ:
“…Коледица меледица и по неа Василица…”. Жал ми е мали, треба да научиш како се играат икончиња.
ТОМА:
Што бе како се играат! Мислиш помал сум, па ќе ме лажеш. Со иле играш, со иле!
ЃОРЃИ:
Еве ти ги, бе – на – само не плачи.
ТОМА:
(Се смирува, ги брои сликичнките) Брат, а може уште еднаш?
Влегува Панду Лавда.
ПАНДУ:
Ништо, дете, не може уште еднаш. С# само еднаш се може.
ЃОРЃИ:
Може вујко. Повторувањето е мајка на знаењето.
ПАНДУ:
Така зборуваат повторувачите. Во животот еднаш ти се пружа шанса. Ми се пружи, не ја искористив. Кој ми е крив? Денес ќе бев во Америка. Ќе пушев томпуз и ќе пиев ракија во Чикаго.
ЃОРЃИ:
Во Чикаго не пијат ракија.
ПАНДУ:
Жити мајка! Во Чикаго, бе, вода не пијат.
ТОМА:
Ако не пијат вода, што мајка ти ќе си барал таму? Вода да бараш, само тоа го знаеш.
ПАНДУ:
Ќе уживав, бе. Ќе седнев во кафеана и ќе пиев кога ми е кеиф. И ним ќе им наоѓав вода за бунарите. Ќе ја наоѓав за пари, не за себап, како тука. Од себапи јас овде пропаднав. Ќе се оженев. Ќе растев свои деца, не вас – едно “фала” што не знаете да кажете.
Изѕемната од студот, ведра и забрзана, со голем женски шал околу рамениците, влегува Евридика. Носи кошница ореви, калинки и јаболка. Го тресе шалот од снег.
ЕВРИДИКА:
Годинава има коледарчиња како никогаш! А не сум видела постудена зима!
ТОМА:
(Преокупиран со играта) Сврти ја плочата!
ЕВРИДИКА:
Што?
ПАНДУ ЛАВДА:
Тоа што ти вели, Евридики. Од година во година, едно исто вртиш.
ТОМА:
Не & велам на мама, тебе ти велам. С# едно исто зборуваш.
ЕВРИДИКА:
Пак ли приканата за Америка?
ПАНДУ ЛАВДА:
Е не, за книжарницата на маж ти. Да отидев тогаш, денес ќе бев друг човек.
ЕВРИДИКА:
Што ти фали и ваков? Намќор си, ама меѓу свои.
ПАНДУ ЛАВДА:
Е од тоа сакам да побегнам. Од свои. Таму ми е мене местото, не овде. На запад денес сонцето огрева. Овде в мугри се стемнува. Само војни паметиме. Тука од природна смрт не се умира. Место во каф#-шантан, по задушници одиме. Ракија, место за своја – за душа на умрените пиеме. И песните, бе, со “аман” н& почнуваат со “аман” и завршуваат…
ЃОРЃИ:
Многу црно гледаш. На Исток е иднината.
ПАНДУ ЛАВДА:
…а патот во иднина со калдрма н& е поплочан. Ебати истокот ебати.
Чесен збор ти велам. Ќе си ги земам парталите и прачката за вода под мишка и ќе одам таму.
ЕВРИДИКА:
Ќе одиш, ќе одиш…
ПАНДУ ЛАВДА:
“Ќе одиш, ќе одиш”. И да не одам, ма. Ако не одам таму, ќе ги дочекам и тука, јас што ти велам.
ТОМА:
Кого?
ПАНДУ ЛАВДА:
Американците бе.
ЃОРЃИ:
Кога ќе си го видам тилот.
ЕВРИДИКА:
(Ги прекинува) Пак ве фатил лошотилакот. Ти, Панду, пушти душа, насмевни се. Божик е, не е Велипеток.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ајде, де? Да не треба ничкум да паѓаме дека бил Божик? Ако мене ме прашаш, од Божик најмногу ме интересира божикниот ручек. Добро бе, ќе се јаде ли нешто денес во оваа куќа?
ЕВРИДИКА:
Денес е празник, а оваа куќа си има стопан. Ќе се јаде, тој кога ќе дојде.
ПАНДУ ЛАВДА:
А да пивневме малку, да се скрати чекањево…
ЕВРИДИКА:
Како дете си, бре Панду. Три ги имам на глава, и тебе одозгора. Шеесет и кусур години се стори, умот уште не ти дојде.
ПАНДУ ЛАВДА:
А ти, што си се расфрлала со тие јаболка како на улица да ги наоѓаме. Рацете ми паднаа од собирање.
ЕВРИДИКА:
Сакаш јаболко?
ПАНДУ ЛАВДА:
Редно беше и брат ти да го понудиш.
ЕВРИДИКА:
(Зема едно јаболно, се насмевнува) Ако испееш коледарска песна.
ПАНДУ :
Јас да пеам?! Ти не си со сите, од кај знам јас да пеам?
ЃОРЃИ :
Нас кој н# учеше да пееме за Коледе ?
ТОМА :
Ама после н& бараше половина од с# што ќе соберевме! Зошто не ми се оди веќе на коледе?
ПАНДУ:
Тишина таму, бе! Цели мозотари станавте, долги панталони облековте, а
се однесувате како брливи дечишта. Со икончиња уште си играте…
ТОМА:
Што ти е тебе гајле со што играм!
ПАНДУ:
Играш со икончиња, а гледам, си почнал и по женски да подгледнуваш.
ТОМА:
Што треска бе овој!
ЕВРИДИКА:
Сус, да не сум те чула на вуко ти така да му зборуваш, слушна!
ТОМА:
Па го слушаш ли, ма, ти што зборува?!
ЃОРЃИ:
Голема работа, што рекол Панду? И во чаршијата го знаат. Домашно пецкало и чаршиски филозоф.
ТОМА:
Остави, бе брат. Ѓорѓи, а да си продолжиме ние да играме?
ПАНДУ ЛАВДА:
Море-море, ама сме биле умни! Занаеш ли сестро дека од толку многу ум, овој големиов, почнал носот и во политика да го пика, место наши, туѓи книги фати да чита.
Ѓорѓи ги фрла икончињата.
ЃОРЃИ:
Нема наши книги. (Пауза) Ама ќе има.
ПАНДУ ЛАВДА:
Нема да има. Кај ќе ви дадат Русите?
ЃОРЃИ:
Е, доста ми е веќе од него.
Излегува.
ТОМА:
Гледаш ли ма, гледаш ли?! И игрите н& ги растура.
ЕВРИДИКА:
(Кон Панду) Не сакам да слушам такви работи!
ПАНДУ ЛАВДА:
Ти не сакаш да ги слушаш, ама цел град ги знае.
ЕВРИДИКА:
(Сериозно) Престани.
Пауза.
ПАНДУ ЛАВДА:
Добро, гопожа, менуваме муабет!… Еве, ќе пеам ако треба! (Погледнува кон Тома) Ама само за тебе, сестро. (Станува, пее)
Ко-ледица, ме-ледица,
ми се пие ра-киица!…
Влегува таткото со весник под мишка и полн зембил во раката.
ДИЈАМАНДИ:
Многу рано денес те фатила жедта бе Панду ! (Кон Евридика) Се врати ли Ѓорѓи од дуќан ?
ЕВРИДИКА:
Се врати, се врати…
ПАНДУ:
Не спиев добро, зете. Лош сон сонував…
ДИЈАМАНДИ:
Пак ли, бре? Може ли еднаш да сониш и нешто добро?
Евридика му приоѓа и му го зема зембилот. Го носи и излегува. Панду му го зема весникот.
ПАНДУ:
Не може, господин Дијаманди. Не е такво времето. Види што се случува наоколу. Не читаш весници, не слушаш радио? Врие светот, а врие богами и земјава. Врие насекаде, а сонот ти е, зете, како испарување од казанот на животот.
ДИЈАМАНДИ:
Животот не е манастирски казан, Панду.
Евридика се враќа.
ПАНДУ:
Кој рече манастирски, зете. Може е војнички. Знаеш што сонував?
ДИЈАМАНДИ:
Не ме интересира, бе. Доволно си имам свои грижи. За мене животот е аргатлак. Работа в дуќан од утро до мрак; не пладневна дремка со грди соништа. (Кон жена му) Евридки, кај ми се пандофлите?
ЕВРИДИКА:
В спална, сега ќе ти ги донесам.
ДИЈАМАНДИ:
Остави, одам таму да се преслечам. Готов ли е ручекот?
ЕВРИДИКА:
Го подгревам, Манди. Сака уште малку.
Дијаманди задоволен излегува.
ТОМА:
Не знам за вас, мене многу ми се јаде.
Никој не му обрнува внимание. Мајката му приоѓа на брата си.
ЕВРИДИКА:
(Тивко) Што виде во сонот, Панду?
ПАНДУ ЛАВДА:
Видов, сестро. Пештера видов.
ЕВРИДИКА :
Пештера ?
Влегува Ѓорѓи и ги слуша.
Музика.
ПАНДУ ЛАВДА :
Беше толку голема што луѓето изгледаа како мравки пред неа. А од таму – прскаа ѕвезди. Прскаа кон небото и се гасанеа. Се џишнуваа, онаму горе, како во некоја голема темна вода. По небото се ширеа кругови. На крајот, се источија сите ѕвезди, а од пештерата фати да излегува некоја чудна, ладна светлина. Од долу светеа виолетови зраци. Луѓето, стоеа стаписани пред нив. Наеднаш се појави сенка, и фати да чекори, полека да се доближува, с# повеќе расне. “Спасителот”, викаа некои. “Тој ќе излезе одонде. Ќе се појави и ќе ги одвои на една страна грешните, на другата праведните!”…
ЕВРИДИКА:
Се појави ли?
ПАНДУ ЛАВДА:
Застана. Стоеше на работ од пештерата. Не Тој – Неговата голема и страшна сенка!
ТОМА:
Абе ај’ престани да н# плашиш, да му ебам мајката!
ЕВРИДИКА:
Тома, ќе те треснам по уста. Пипер ќе ти ставам, така да знаеш!
ТОМА :
А нему не му е срам да н# плаши?!
ЃОРЃИ:
Голема работа, Панду сонувал пештери.
ЕВРИДИКА :
Не се тоа обични пештери. Се наежив, Панду. Тоа ли беше с#?
ПАНДУ ЛАВДА:
…Наеднаш некоја сила, некој силен ветер, некој провев божји фати да ги турка кон отворот, зјапнат удолу како некој бунар без дно…
ЕВРИДИКА:
Пештера велиш, што значи тоа?
ПАНДУ АВДА:
Којнае. Ристос во пешера е роден, ама во пештера е и погребан…
ЕВРИДИКА:
Тежок сон си сонувал, Панду. Ѕвезди од под земја и темна вода на небото. Како светот да се свртел наопаку.
ПАНДУ:
…Луѓето се прпелкаа, не сакаа да се дадат, ама силата ги влечеше с# повеќе и повеќе, и дупката фати да ги голта: еден по друг, еден по друг…с# додека не ги проголта сите. Исчезнаа луѓето во виолетната стерна…
Евридика стои стаписано. Ѓорѓи е вслушан, Тома, вџашен.
Таткото се враќа расположен – со весник в раце, влечки на нозете, врзувајќи го патем појасот од кусото, домашно палто – и одново ја менува атмосферата.
ДИЈАМАНДИ:
И нормално, само ти остана жив и здрав! Да има сега кој сега да н# матка.
ПАНДУ ЛАВДА:
Којзнае дали и јас останав. Не го видов крајот, се разбудив.
ДИЈАМАНДИ:
Ау, страшно. Баш се потресов. (Го забележува неподвижниот Тома) Ти бе што си се стаписал така! Ги изми ли рацете? Ајде, веднаш на пумпа!… Спремна ли е трпезата, жено?
Тома неволно излегува. Сите се размрдуваат.
ЕВРИДИКА:
Уште колачот да го ставам на маса. Јадењето е стоплено. Ќе дојде ли утре поп?
ДИЈАМАНДИ:
Поповите се батакџии. Утре ќе дојде Исак…
ЕВРИДИКА:
Кој Исак?
ЃОРЃИ :
Евреинот ?
ДИЈАМАНДИ:
Чевларот, синко, комшијата! Да седеше повеќе в дуќан ќе научеше. Во чаршијата, ни по вера ни по народ не се делиме.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ама по паричка, се делат.
ДИЈАМАНДИ:
(Кон Евридика) Ќе ја донесе ќерка му. Да ти помага малку низ куќа.
ЕВРИДИКА:
(Го прекинува, благо) Се снаоѓам бе Манди, јас и без помош.
ДИЈАМАНДИ:
Му ветив, Евридики, не бива поинаку. Работата му секнува, а дома се многу усти.
ПАНДУ ЛАВДА :
Кој ти кажа ?
ДИЈАМАНДИ :
Кој треба да ми каже, сам гледам. Дуќаните н& се речиси еден до друг. Питом човек #, на добар глас во чаршијата.
ЕВРИДИКА:
(Пауза) Како што ќе речеш, Манди.
ДИЈАМАНДИ:
Ајде, сега. Деца, помогнете & на мајка ви да ја намести масата. Празник е, треба да ја личи куќава.
Влегува Тома. Ги тресе мокрите раце.
ТОМА :
Ѓорѓи, Фидан е надвор. Рече, сакал да те види.
ЕВРИДИКА:
Речи му, не може.
Ѓорѓи ја стрела со поглед. Поаѓа кон излезот.
ЕВРИДИКА:
Ѓорѓи, сине, сега ќе вечераме!…
Тој веќе излегол.
Евридика го погледнува брата си. Панду прави гримаса.
Дијаманди погледнува низ прозорец.
ДИЈАМАНДИ:
Рано фати да се стемнува. Попладне #, а на небото се појавија првите ѕвезди.
Со полно коледарско торбуле и коледарско стапче во раката, на вратата, се појавува малиот Димитрија. Задоволно ги гледа сите.
НОЌ ПРЕД ШАБАТ
Ѕвезден свод заблеснува во позадината. Напред се појавува Рашела со бокал шабатно, кашер-вино во едната и со празна чаша во рацете.
(Во позадината се слуша Сефардска песна или стилизирана музика)
РАШЕЛА (off):
“В ПЕТОК НАВЕЧЕР, КОГА НА НЕБОТО ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ПРВИТЕ ЅВЕЗДИ ПОЧНУВА ШАБАТ. ШАБАТ ГО САКАМ ЗАШТО ТОГАШ СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО. ТАТКО, БРАЌАТА, СЕСТРА МИ. НЕДОСТАСУВА САМО МАЈКА. СНОШТИ, ПАК ЈА СОНУВАВ. МИ РЕЧЕ ДЕКА НЕМА ВИНО ЗА ОБРЕДОТ НА ШАБАТ. « ОДИ, РЕЧЕ МАЈКА, И КУПИ VINO DE [ABAT, А ВИНОТО ДА Е KA[ER И ДА ГО ЗЕМЕШ ИЛИ ОД AHARON ALBOHER, ИЛИ КАЈ JEHUDA TESTA, А АКО НЕМА КАЈ НИВ ТОГАШ ОД AVRAHAM NISAN ! ». (Истура од бокалот во чашата) НА ШАБАТ СМЕ, ВАЖНО, СИТЕ ЗАЕДНО, НА БРОЈ. И ТАТКО КОЈ СЕ ВРАЌА ОД СИНАГОГАТА, И ПОМАЛАТА СЕСТРА И БРАЌАТА СО КОИ ГО ЧЕКАМЕ ЗА ДОМАШНИОТ ОБРЕД. И МАЈКА КОЈА – ИАКО НЕ СИ ГО КАЖУВАМЕ ТОА – Е ТУКА, ЗАЕДНО СО НАС. “
Се осветлува другиот дел од сцената. Таму е Исак, кој со кибрит ја пали шабатната свеќа. Околу вратот има обреден шал и јамака-капче на темето. Покрај него се неговите три деца: два помали брата и помалата сестра на Рашела. Рашела го носи виното на масата пред татко & .
РАШЕЛА :
Buenas no}es di [abat, padri !
(Јакне музиката.)
Исак & покажува да пристапи покрај масата и & ја покрива косата со бела шамија. Покрај масата е најмалиот брат на Рашела кое колку што може повисоко, подига две испреплетени, свеќи со единствен фитил. Решела го положува виното на масата на која веќе се наоѓа малечката кутија со миризливи зачини наречена Бесамин и специјална чинија со леб наречен Pitikas или Hala, покриен со специјална везена покривка. Исак го спроведува обредот:
Таткото ја зема чашата со вино, истура малку по масата, рецитирајќи делови од псалмите и кажувајќи благослов за добра седмица. Вториот благослов Исак го кажува над Besamin-от, зашто се верува дека мирисите го одвојуваат светиот ден Шабат, од обичниот ден што му претходи или му следува. Го дава и третиот благослов над светлината на свеќата крената од детето – при што над пламенот на свеќата се гледаат ноктите од испружените дланки. Исак отпива голта вино од чашата. Потоа ја зема свеќата и ја гаси во виното претходно истурено на масата. Зема со прстите од виното истурено на масата и со тоа вино ги мачака очите.
ТАТКОТО:
Benedeta no}es di [abat !
Исак му ја става раката на глава на синот.
Исак ја вади шамијата од главата на ќерката и ја бакнува во црната, густа коса.
РАШЕЛА:
Buen {abat a todos.
Заминуваат татко & , и браќа & . Таа останува сама.
РАШЕЛА:
(Низ шепот) Buen {abat, madri !
Од другата страна се појавува мајка & .
Рашела тоа не го забележува. Само го нурнува лицето во рацете. Плаче.
Светлото отсечно се гаси.
КОЛЕДАРИ
Сите од првата сцена, И штотуку пристигнатиот Димитрија.
ЕВРИДИКА:
Стаса ли, мајка?
ПАНДУ ЛАВДА:
Види-види кој ни се вратил дома! Младиот господин Димитрија лично, и тоа право од тешка коледарска работа.
ДИЈАМАНДИ:
Бериќетно, бе сине, ви било ова Коледе, а?
ДИМИТРИЈА:
(Им ја покажува полната торба) Видете колку многу собрав. (Со светнати очи) Внатре имам и парички!
ПАНДУ ЛАВДА :
Убаво ли пееше, како што те учев ?
ДИМИТРИЈА :
(Се сепнува и го стиснува торбулето со двете раце) Тебе не ти давам ништо!
ПАНДУ ЛАВДА:
Плукнат татко му. Да го пуштиш, од утро до мрак само пари ќе собира.
ЕВРИДИКА:
Панду, остави го детето на мира!
Мајка му му го одврзува шалчето, му го вади капчето и му го мазни косето со рака.
ДИЈАМАНДИ:
Што да прави детето, и тоа знае дека има вујко за ранење. Не ќе беше лошо и ти некој динар да донесеше дома. Ако не од тепање празна слама по крчмите низ дембел-чаршија, барем од Коледе можеше.
ЕВРИДИКА:
Аман бре луѓе, празник е. И денес ли ќе се јадете.
ПАНДУ ЛАВДА:
Сум се изнаработил јас во животот, зете. Вие сеир сте гледале јас кога наоѓав вода за пиење. Еј! Прашај по градов, прашај ако сакаш и по селата, уште зборуваат. Море, благословуваат за водата што Панду Лавда ја нашол.
ДИЈАМАНДИ :
Не ја копаше со казма и лопата, со прачка-чопорашка ја наоѓаше.
ПАНДУ ЛАВДА :
Со таква дарба Господ ме наградил, зете. Јас вода за народот да наоѓам, ти хартии, меници и шушки со ликот на кралица Марија за себе.
Влегува Тома.
ТОМА :
Од пумпата едвај малку вода истечува !
ДИЈАМАНДИ:
Еве уште чекаме да ни најдеш вода во дворот. Стариот бунар пресуши, секнува водата и во пумпата, а Панду водарот со денови шета со прачката и бара жила за нов.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ти што мислиш така се наоѓа вода, а господин книжару? Треба жилата да ја најдеш. Е море Манди, Манди, жилата и на човек тешко му се наоѓа, а не на земјичкава…
ЕВРИДИКА:
Панду!
ПАНДУ ЛАВДА:
Ти пак само тоа го знаеш: Панду, па Панду! Кој прв почна, ма? Чесен збор ќе си ги земам парталите и ќе си одам…
ДИЈАМАНДИ:
Ја немаме ние таа среќа.
ЕВРИДИКА :
Ајде! Оди да ја земеш тавата од фурна.
ПАНДУ ЛАВДА:
Го слушна ли што рече?!
ЕВРИДИКА :
Што ако те задева малку, не е од лоша намера. Помлад си, ќе попуштиш.
ПАНДУ ЛАВДА :
Ќе попуштам, што да правам. А не знам ни дали сум помлад од него. (Се врти да го чујат сите) Ама – што велиш – паметниот секогаш попушта.
Евридика излегува, Панду шмугнува по неа.
ДИЈАМАНДИ:
Шерет. На панаѓур да го прикажувавме, пари ќе спечалевме!
Се врти кон Димитрија.
ДИЈАМАНДИ:
Ајде сега да видиме што да ти купи тебе тато за Божик. На брат ти знам што ќе му купам.
ДИМИТРИЈА:
Што?
ДИЈАМАНДИ :
Табакера, полна со цигарчиња. Да не краде веќе “Дрина” на парче од дуќанот!
ТОМА:
Не пушам јас, бе тато !
ДИЈАМАНДИ:
Тишина, таму! Ако престанеш да пушиш ќе ти донесам нов грамофон од дуќанот. (Кон Димитрија) А ти, бе сине, што сакаш ти. Велосипед?
ДИМИТРИЈА:
Сакам бисокоп.
ДИЈАМАНДИ:
Што ќе тие тоа? Тебе брат ти те носи на бисокоп. Тебе тато ти нарача нови чевлиња, од чичко Исак.
ДИМИТРИЈА:
Чевли имам. Сакам самиот да правам биоскоп!
Влегува Ѓорѓи. Замислен е.
ДИЈАМАНДИ:
Што е?
ЃОРЃИ:
Ништо. Заборавив нешто в дуќан.
ДИЈАМАНДИ:
Сега ти текна?
ЃОРЃИ:
Сега. Ќе одам по вечерата.
ДИМИТРИЈА:
Со велисипедот?
ЃОРЃИ:
Да.
ДИМИТРИЈА:
Ќе ме земеш и мене?
ЃОРЃИ:
Не.
Дијаманди го погледнува изненаден од нервозниот тон.
ДИЈАМАНДИ:
Ќе одиш ти сам, кога ќе пораснеш. На свој велосипед.
ЕВРИДИКА (off):
Ајде, вечерата е на маса!
Од надвор се слуша чукање и коледарска песна. Сите ги вртат погледите натаму.
Затемнување.
ДЛАБОКА ЖИЛА
Утро. Пумпа во дворот. Тома, одејќи на училиште, со стара, износена чанта во рацете, зимски шал и капа, пумпа засилено. Цвичи пумпата. Малку вода му се истура на дланката. Ја испива и брзо заминува.
Некаде одзади, се појавува Панду Лавда со чаталестата прачка во рацете, задлабочен, трага по вода.
ПАНДУ ЛАВДА:
Тука е некаде, чувствувам, скоро дамарот & го слушам. Удира, бие, сака да излезе. Само с# уште е длабоко.
(Мрмори) Јави се водо длабока,
Студена водо бистра,
Да топиме усни,
Да помини жедта,
Да разлади душа,
Да се смири крвта…
Ќе се јави таа, само да не н# изненади. Да не гргне та да н# потопи. Да не отвори стерна под куќава. Чувај боже, чувај боже !
ЕВРИДИКА (off) :
Најде ли, нешто, Панду !
ПАНДУ ЛАВДА:
Ќе биде, сестро, ќе биде!
Продолжува да мрмори и да бара…
РАШЕЛА
Евридика ја мести масата дома. Сама е. Од другата соба допира темпераментен фокстрот. Се слуша силно чукање. Евридика погледнува низ прозорецот.
ЕВРИДИКА :
Тома, некој е пред капија. Оди, сине, отвори.
ТОМА (off) :
Имам работа. Панду е долу.
ЕВРИДИКА:
Да не заминал, бе сине. Оди отвори, слушаш ли?
Се слуша нервозно гребење на грамофонска плоча.
Музиката престанува.
Однекаде се појавува Тома, со бакелитни грамофонски плочи во рацете. И’ ги тутнува, со негодување, плочите в раце на изненадената Евридика и поаѓа кон вратата. Застанува. На вратата се појавува Исак со шапка на главата, Рашела и Панду Лавда. Евридика – со плочите в рака.
ПАНДУ ЛАВДА :
Ете, сестра ми ќе пушта музика на грамофон !
ИСАК:
Добар ден, госпоѓо.
ПАНДУ ЛАВДА:
Јас им отворив на луѓево. Бев во дворот. Барав бистра вода. И еве, се појави девојчево.
ЕВРИДИКА:
(С# уште изненадена од неочекуваните гости) Добар ден, господин Исак…
ИСАК:
(Ја вади шапката од глава) Јас разговарав со вашиот маж, госпоѓо…
ЕВРИДИКА:
Да, знам.
ИСАК:
Ова е Рашела, ќерка ми.
Рашела се обидува да се насмее. И’ се чувствува напрегнатоста.
Евридика стои. Кимнува со глава.
Нелагодна атмосфера. Ја прекинува Тома кој му приоѓа на Исак и се поздравува со него, на еден смешен, стар-мал начин.
ТОМА:
Добар ден. Јас сум Тома. ( & приоѓа и на Рашела, се поздравува уште попретерано, со еден неочекуван поклон) Тома, драго ми е.
ЕВРИДИКА:
Повелете седнете.
ИСАК :
Благодарам, јас морам да одам.
ПАНДУ ЛАВДА:
Седни малку бе Исак. Да се почестиме, по едно слатко, по една ракиичка. Колку за аирлија. Нема да ти избега дуќанот.
ИСАК:
Дуќанот нема, ама муштериите, може, господин Панду. Поминете, ако имате време, ќе се напиете нешто кај мене.
ПАНДУ ЛАВДА:
Може господин Исак. Не за друго, заради адетот.
ИСАК :
Добар ден на сите. Нека ти е среќна работата, ќерко. Да го обелиш образот.
Рашела е збунета. На раб од плач #. Таткото стои, речиси се двоуми дали да ја остави.
ТОМА :
Не грижете се господин Исак, на Вашата ќерка ќе & биде добро со нас. Може и музика да слуша. Еве, ние имаме и грамофон…
Исан со чудење го гледа. Евридика брзо оди кон Тома и му ги тутнува в раце плочите,а потоа & приоѓа на Рашела и ја прегрнува.
ЕВРИДИКА :
Бидете без грижа господине, и јас сум родител, знам како ви е. Дојди, ќерко, да ти ја покажам куќата. Тука треба да си како дома.
Таа се врти кон татко & .
ИСАК:
Да не заборавам. (Вади чифт нови детски чевли) За малиот.
ЕВРИДИКА:
Благодарам. Маж ми ќе плати.
ИСАК:
Не треба, госпоѓо. Тоа е од мене. Нека ви е честит празникот.
Тој смирувачки & се насмевнува на Рашела и & дава знак да појде.
Таа се врти кон татко & . Тој смирувачки & се насмевнува и & дава знак да појде.
ЕВРИДИКА :
Бидете без грижа господине, и јас сум родител, знам како ви е. Дојди, ќерко, да ти ја покажам куќата. Тука треба да си како дома.
Евридика и Рашела заминуваат. Исак се поздравува со Панду, му кимнува на Тома. Тома отпоздравува со љубезна насмевка и со невештиот, смешен поклон. Останува сам со Панду. Панду го гледа потсмешливо. И Тома го забележува неговиот поглед.
ТОМА:
Што е?
ПАНДУ ЛАВДА :
Убавичко, девојчево…
ТОМА :
А бе ајде не се задевај !
Тргнува да оди, но Панду не му дава.
ПАНДУ :
Чекај, бе, малку, кај си тргнал. Да се поздравиме прво, не може тоа така.
Му ја пружа раката. Тома, не и без претпазливост, ја прифаќа. Панду ненадејно го имитира неговиот смешен поклон.
ПАНДУ ЛАВДА :
Панду, драго ми е!
ТОМА:
Абе, ајде, остај ме веќе еднаш…
Нервозно заминува. Панду шеретски се смее.
СКРИШНО ПУШЕЊЕ
Во дворот, со палтото на плеќите, виткајќи го шалот околу врат, Тома претворен во силуета пред топлиот месечев диск, со цигара во устата пали чкорче. Се слушаат чекори. Тој уплашено се врти и брзо ја фрла цигарата на земи. Кибритот го тутнува в џеб. Наидува Рашела.
РАШЕЛА:
Добра ноќ.
ТОМА :
(Збунет) Добра ноќ, добра ноќ! Ќе дојдеш утре?
РАШЕЛА :
Не те разбирам.
ТОМА :
Мајка ми е малку строга, знаеш…ама ич не е лоша. Еве на мене рака не кренала. А знаеш колку пати…
Таа се насмевнува.
РАШЕЛА:
Ќе се видиме утре.
Тој се врти кон неа. Ја поздравува. Среќен е.
Таа поаѓа, но речиси се судрува со Фидан, млад млекар со качкет на галавата и канта млеко во рацете. Таа го погледнува. Тој & се насмевнува.
ФИДАН:
А! Ќе беше беља за малку, госпоѓице. (Таа го гледа) Јас сум Фидан, добро вечер.
Рашела збунето кимнува. Фидан ја гледа, фрла збунет поглед кон Тома, а потоа му намигнува, одејќи кон куќата да однесе млеко.
ФИДАН:
Ти мали, пак во дворов, а? Кога и да дојдам, с# си тука. (Вика) Млекар! Госпожа Евридика, лонецот! Пресно млеко!
Се појавува Евридика, со лонец во рацете.
Рашела ја догледува цигарата покрај нозете на Тома, се наведнува и ја зема. Тома тоа го забележува, но не кажува ништо.
ФИДАН:
Добро вечер, госп…
ЕВРИДИКА:
Се вика: Христос се роди!
ФИДАН:
Да. (Истура млеко во лонецот) Дома е Ѓорѓи?
ЕВРИДИКА:
Си легна.
ФИДАН:
Рано нешто…
ЕВРИДИКА:
Така тој работи, од рано утро.
ФИДАН:
Поздравете го. Кажете му Фидан сакаше…
ЕВРИДИКА:
Утре, сега нека спие.
Евридика влегува во куќата. Фидан се враќа кон Тома и Рашела.
ТОМА:
(На Фидан) Малу е строга, ама да знаеш ич не е…
ФИДАН:
Ти се наоѓа пак некој тутун, мали?
ТОМА:
(Погледнува кон Рашела) Не бе, не пушам!
РАШЕЛА:
Ене ви. Таму долу. Некому му паднала цигара. (Гледа во Тома) Добра ноќ.
Рашела заминува. Фидан ја зема цигарата. Тома чално гледа во цигарата. Фидан гледа по Рашела. .
ФИДАН:
Убаво девојчево, а мали?
ТОМА:
Што сте запнале бе сите со тоа?
ФИДАН:
Како се вика?
Фидан ја метка цигарата меѓу прсти.
ТОМА:
Не знам. Сакаш да ти запалам?
ФИДАН:
Не треба. (Ја става цигарата зад уво) Нели бе не пушиш, мали?
ТОМА:
А, кибритот? За жижици. Божик е. Христос се роди!
ФИДАН:
Се роди, а? И кое фајде? За мене само повеќе работа. Мали, кажи му на брат ти дека го барав. Мајка ти…сигурно ќе заборави.
Фидан заминува. Тома гледа по него.
ТОМА:
Жими Тасета што ќе му кажам.
Тома вади нова цигара.
(Музика)
Почнува да паѓа редок снег.
Само што го чкрапнува кибритот, од темницата допира глас.
ЕВРИДИКА (off):
Ајде немој да ми се маткаш таму по студот. Влегувај веднаш дома, додека не си испонастинал. Слушаш ли! Тома, ајде дома!
ТОМА :
А бе ќе ме оставите ли еднаш на мира во оваа куќа ?!!!
Го фрла запаленото чкорче.
Си оди.
Од полусенките на дворот се појавува Панду. Држи прачка во рацете.
ПАНУДУ ЛАВДА :
Слава на Бога во висините, на земјата мир, а меѓу луѓето добра волја! Мир божји !… Или само така н& се чини.
Панду стои во полутемницата на ноќта.
Врне обилен снег.
Затемнување.
ДВЕ СРЕДБИ
Квечерина. Во дворот се послани два големи чаршава.
Во дворот влегува Фидан со кантата млеко во едната рака и со груба, ткаена торба преку рамото. Од спротивната страна се појавува Ѓорѓи. Во рацете носи голема, излижана кожена ташна.
ФИДАН:
Ги носиш?
ЃОРЃИ:
Еве, с# е тука. До последниот леток.
ФИДАН:
Кога стигна да ги напечатиш?
ЃОРЃИ:
На празник. Ова се божикни летоци.
ФИДАН:
Еј, имаш поздрав. Одозгора.
Фидан ја шири торбата, Ѓорѓи врзо ги става летоците.
ЃОРЃИ:
Само тоа знаат. Испраќаат или поздрави или директиви.
ФИДАН:
Има и друго. Прием.
ЃОРЃИ:
Чиј?
ФИДАН:
Твој. Нека ви се подготви секретарот, рекоа. Вие сте најдобра скоевска група. Време му е, рекоа, за во Партија!
ЃОРЃИ:
Потивко, што си развикал толку.
ФИДАН:
(Потивко) Ако те примат…Ќе ме предложиш и мене?
ЃОРЃИ:
Ти гледај да не те фатат со овој материјал. Главите н& се сега во таа твоја торба. Знаеш ли кај ќе ги делиш летоците?
ФИДАН:
Добив директиви. Ги знам и куќите на нашите луѓе, и оние кајшто ќе ги расфрлам без да ме дознаат.
ЃОРЃИ:
После, врати се да известиш.
ФИДАН:
Ако ме пушти мајка ти.
ЃОРЃИ:
Ајде не тропај. Оди сега.
Ѓорѓи се враќа дома.
ФИДАН
Ѓорѓи! Ќе има ли војна?
ЃОРЃИ:
Што?
ФИДАН:
Велам, ќе има ли војна.
ЃОРЃИ:
Од кај па јас да знам.
ФИДАН:
Не ти јавија нешто озгора?
ЃОРЃИ:
Од кај знаат па тие? Ајде оди.
Заминува.
ФИДАН:
Обично с# знаат. Сите зборуваат, ќе имало војна. Јас велам – овој пат ќе спасиме глава!
Заминува.
Полека се отвора големиот чаршав. Зад него се појавува Евридика. Стаписана е. И уплашена. Зад другиот чаршав полека се појавува и Рашела, со кошница за веш во рацете. Евридика погледнува во Рашела. Девојката ја фиксира неа со поглоедот. Евридика го спушта погледот на земи.
Рашела & ја става раката на рамо. Евридика отсутно погледнува кон неа.
Отсечно затемнување.
БОМБАРДИРАЊЕ
Силна експлозија.
Трепка и се ниша лустерот во салонот на куќата. Силен шум на воени авиони, а набргу и нови татнежи од фрлени бомби. Се појавува Рашела. Избезумена е. Бомбите експлодираат с# поблизу. Дијаманди, во пижами, со домашното палто на себе, трча во другиот дел на куќата. Ѓорѓија трча по татка си. Евридика, оттаму, доаѓа забрзано, држејќи го во рацете Димитрија кој плаче. Сиот мамурен, се појавува Тома.
ЕВРИДИКА :
Ајде в изба! В изба!
ТОМА:
(Буновен) Зошто ма, што сум направил сега?
Скаменета од страв, Рашела не мрднува. Евридика тоа го гледа и се подвраќа кон неа.
ЕВРИДИКА :
Што си се стаписала така?
РАШЕЛА :
Сестра ми и браќа ми. Сами се дома!
ЕВРИДИКА:
Ќе бидат добро. Ајде сега.
РАШЕЛА:
Никогаш ме нема кога им требам.
ЕВРИДИКА:
Татко ти е сигурно со нив. Ќе одиш и ти. Попосле. Штом ова ќе се заврши.
РАШЕЛА:
Господ знае кога ова ќе се заврши.
Се појавува Ѓорѓија.
ЃОРЃИ :
Добро што чекате и вие, да ви падне бомба на глава ? Во оваа куќа сите се штракнати.
Заминуваат. Евридика ја истуркува преплашената девојка.
Излегува Панду Лавда, во антерија, со гуњче префрлено преку рамениците. Ги трие очите. Очигледно, само што станал од спиење. Далечни експлозии.
ПАНДУ ЛАВДА:
Што е бе сега ова? А с# тргна на поарно.
Од кај својата соба се појавува Дијаманди, носи чанта со хартии. Затишје.
ДИЈАМАНДИ :
Ајде Панду не е време за филозофирање.
ПАНДУ ЛАВДА :
Е да, време е за спасување пари и меници…
ДИЈАМАНДИ :
За спасување глава. Отсега само на тоа ќе мислиме.
ПАНДУ ЛАВДА :
Мајката, сепак почна.
ДИЈАМАНДИ :
Почна.
Забрзано оди.
ПАНДУ ЛАВДА :
Сонував убав сон.
ДИЈАМАНДИ:
Кај тебе с# е наопаку.
Си оди.
ПАНДУ ЛАВДА:
Жал ми беше да се разбудам, ако веруваш. Бев на еден голем параход, стоев на палубата. Во морето, пред мене, беше голем споменик. Онаа кокона со гламна во раката. “Ете, си реков, сепак ќе ја видам Америка!”. Ама ништо, се разбудив. Овие запнале па буфтаат, бувтаат!
Неочекувано, удира блиска бомба. С# се стресува.
ПАНДУ ЛАВДА :
Ајде Панду, далеку е Америка! А од сон овде не се живее!
Забрзано си оди.
Нова експлозија.
Затемнување.
ВО ДВОРОТ
Од куќата допира музика на виолина. Сентиментална мелодија.
Фидан погледнива кон горниот кат на куќата, од кајшто иде звукот. Носи сад со млеко во рацете. Го остава на земја и вади пиштол од појасот. Наидува Рашела. Тој брзо го пика пиштолот во торбулето.
Одново се слуша мелодијата.
ФИДАН:
А! Добро вечер.
РАШЕЛА:
Доцна дојдовте денес, Фидане.
ФИДАН:
Доцна…Брзав, ама ете… Вечерва, мислев, нема да те видам. А Ти…Вие ме чекавте? Мислам, да донесам млеко за вашиве…
РАШЕЛА:
Останав подолго. И јас имав работа… Добра ноќ.
ФИДАН:
Каде сега…Рашела?
РАШЕЛА:
Гледам да не ме фати полицискиот час.
ФИДАН:
А!
Молчат, потоа речиси едновремено…
РАШЕЛА:
Добро, јас сега…
ФИДАН:
Се дава еден филм… Со пеење, нема тепање, ама многу бил добар. Ми го раскажаа, па сакам да го гледам…
РАШЕЛА:
Што ќе го гледате ако ви ги раскажале?
ФИДАН:
Мислев, да го гледаш ти. Вие. Мислам, и јас.
РАШЕЛА:
Мислите да го гледаме заедно?
ФИДАН:
А, не!.. Мислам, зошто не?
РАШЕЛА:
Зошто не!…
ФИДАН:
Па не знам зошто не.
РАШЕЛА:
Може в недела?
ФИДАН:
А! Може. В недела.
ФИДАН:
Филмот се вика (подголтнува) “…на војникот”.
РАШЕЛА:
Како?
ФИДАН:
Нешто така…
РАШЕЛА:
Што, рековте, на војникот?
ФИДАН:
Љубовницата. (Потоа брзо) Ама не бил срамотен.
РАШЕЛА:
Ако има неког друг…
ФИДАН:
Има. “Вдовицата”. Бугарски.
РАШЕЛА:
Нема ли некој поведар?
ФИДАН:
“Мадлена, нула поведение”, со Алида Вали. Италијански.
РАШЕЛА:
Може. Тогаш…се гледаме в недела напладне.
ФИДАН:
Пред дома или баш пред кино?
РАШЕЛА:
Па може…нешто подолу од дома.
ФИДАН:
А! Па да прошетаме малку до киното…така ли?
РАШЕЛА:
Добра ноќ.
Си оди.
ФИДАН:
Уф!
РАШЕЛА:
(Застанува) Што Ви е, Фидане?
ФИДАН:
А, ништо! Ѓорѓи убаво свири.
Таа заминува. Тој ја зема кантата со млеко и оди по неа.
РАШЕЛА:
Млекото!
ФИДАН:
Млекото? А, да. Убава музика. Лека ноќ. Добар сон. (по неа, довикува) Сонувај убави соништа!…
Оди кон куќата. Од мракот се појавува Панду Лавда.
ФИДАН:
(За себе) Сонувај ме мене.
ПАНДУ ЛАВДА:
Тебе јас ќе те сонувам. Во дворов ли најде да ми ашикуваш? Пу, јаз’к! Ајде магла!
Фидан збунето го гледа.
Затемнување.
НОВИ ПРЕДЕЛИ
Семејството е собрано на маса. Радиото изведува нова бугарска чекорница: “Ни ште литнем срешту Англија”.
Димитрија трча ваму-таму во новите чевли. Го нема само Тома. Рашела ја носи супиерата. Евридика тура супа во чинијата.
Ѓорѓи го потстивнува радиото.
Влегува Тома.
ТОМА:
Луѓе, ќе ме примат во Браници!
Ги гледа сите радосно. Поздравува фашистички, со крената рака.
Панду внимателно ја загледува испружената рака.
ПАНДУ ЛАВДА:
Што е, пак не си ги измил рацете?
ТОМА:
Абе вујче!…
ЃОРЃИ:
Во Браници?! Знаеш ли бе ти, што е тоа?
ЕВРИДИКА:
Има тука кој да му каже.
ДИЈАМАНДИ:
И што се тоа Браници, бе сине?
ТОМА:
Браници се младите сили на нашата нова држава.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ај на здравје! (Пие од ракијата)
ДИЈАМАНДИ:
И што правевте сега таму?
ТОМА:
Ја учевме заклетвата. “Ас с’м Браник и мо#то срц# принадл#жи к’м Царја на Род& ната и на моиа народ!”. Ќе имаме паради, а на мала матура на Стадионот ќе н# примат во Организацијата. Ќе н& дадат нови униформи.
ПАНДУ ЛАВДА:
На стадион? Резил.
ТОМА:
Зошто резил, бе Панду?
Сите молачат.
ЕВРИДИКА:
Тури му супа, Рашела.
Рашела му тура од супата.
ЕВРИДИКА:
Ајде јади сега.
ТОМА :
А раце да не мијам?
Чукање на вратата. Сите погледнуваат натаму. Влегува Комесарот, еден човек во цивил и полицаец во бугарска униформа.
Панду потстанува.
КОМЕСАРОТ:
Спокојно. Ние сме од управата за Внатрешни работи и за јавно здравје. Вршиме попис на имотот.
ПОЛИЦАЕЦОТ:
(Разгледува наоколу) Голема куќа. Просторна.
КОМЕСАРОТ:
Колку стаи има?
ТОМА:
(Станува, речиси декламира) В нашиа дом стаите са…
ЃОРЃИ:
Ти седи.
Тома седнува.
ПАНДУ ЛАВДА:
Малку. (Комесарот го погледнува) …Види колку н# има.
КОМЕСАРОТ :
Мене ми треба точниот број, господине… како ви е името?
ПАНДУ ЛАВДА:
Панду. Панду Лавда. Тоа значи горд.
КОМЕСАРОТ:
Не е битно што значи. Битно е што си. Ти Влах ли си?
ПАНДУ:
Човек бе, од мајка роден. Пиши, душо: Лав-да.
ПОЛИЦАЕЦОТ:
Да пишам ли?
КОМЕСАРОТ:
Има ли тука Евреи?
ЃОРЃИ:
Што попишувате вие, куќи или народи ?
КОМЕСАРОТ :
По желба, младичу. По наша желба. Како ти е тебе името?
Станува таткото.
ДИЈАМАНДИ:
Дванаесет, господине. Имаме дванаесет одаи во куќава.
КОМЕСАРОТ:
Пиши: дванаесет стаи. Колку членови на домаќинството?
ДИЈАМАНДИ:
Шест.
ЕВРИДИКА:
Седум! Девојчето секогаш го забораваш.
ДИЈАМАНДИ:
Седум. Еве, тука сме сите.
ЕВРИДИКА:
(Кон Рашела) Оди, ќерко, донеси свежа вода за гостите.
Рашела излегува.
ПОЛИЦАЕЦОТ:
(Запишува) Седум. Произходи?
КОМЕСАРОТ:
Непроизходи. Но Евреи – нема.
ДИЈАМАНДИ:
Тоа ли е с#?
КОМЕСАРОТ:
Имате, гледам и радио. Радиото треба да се запечати. Пиши…
ПОЛИЦАЕЦОТ:
“Да се запечати.”
Затемнување.
ПУМПАТА
Во дворот. Со забрзани движење Рашела обидува да испумпа вода. Пумпата силно цвичи.
Од куќата излегуваат Комесарот и Полицаецот. Одат кон капијата. Комесарот ја загледува. Доаѓа и ја става раката на славината, подготвен да пие вода.
Рашела силовито пумпа. Иде малку вода. Комесарот пие. Повеќе од тоа, пумпата цвичи, пуштајќи с# побрзи, иритирачки звуци.
Затемнување.
ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА
Цвичав шум од запирање на локомотива. Пареа.
Стојат Комесарот и Полицаецот. Ги заплиснува пареа.
Забрзано доаѓаат Исак и децата. Исак носи голем куфер. Децата, торби со багаж. Очигледно, патуваат.
Исак се вртти на сите страни, ги забележува Комесарот и Полицаецот во пареата и им се доближува.
ИСАК:
Извинете. Ова ли е возот за Солун?
КОМЕСАРОТ:
Ова е возот од Софија. (Го одмерува) Ти за Солун ли патуваш?
ИСАК:
Не јас. Децата. Одат таму малку, кај роднини.
КОМЕСАРОТ:
Ти не одиш со нив?
ИСАК:
Не можам. Имам дуќан во чаршијата.
КОМЕСАРОТ:
Можеш. Дуќаните ќе ви бидат затворени.
ИСАК:
Молам?
Од возот излегува Захариев. Застанува и разгледува наоколу. Носи палто со астраганска јака и куфер во едната рака. Мазно е зачешлан, со тенки метални очила.
Комесарот и Полицаецот му пристапуваат.
Исак се повлекува. Ќерката го фаќа за рака. Држејќи се за раце, гледаат во новопристигнатиот.
КОМЕСАРОТ:
Господин Захариев?
ЗАХАРИЕВ:
Вие сте?…
КОМЕСАРОТ:
Јас сум од локалната управа за внатрешни работи и јавно здравје.
ЗАХАРИЕВ:
Захариев. Иван Захариев, делегат на Комесаријатот за Еврејски прашања.
Полицаецот салутира. Комесарот ја пружа раката.
КОМЕСАРОТ:
Добродојдовте во Битола, господин Захариев. Тука Ве очекува голема работа.
ЗАХАРИЕВ:
Ќе се снајдам. Имам искуство. Во Скопје веќе привршуваме. Вас како Ве викаат?
КОМЕСАРОТ:
Коев. Крум Коев, господине.
ЗАХАРИЕВ:
Од каде сте Вие, Коев?
КОМЕСАРОТ:
Од тука. Од селата. Од новите предели.
ЗАХАРИЕВ:
Веднаш се гледа. Какви се луѓето овде?
КОМЕСАРОТ:
Добри, господине. Питом народ е ова. Се мачи да преживее… Извинете, а како тоа се гледа дека сум одовде?
ЗАХАРИЕВ:
Имате лош акцент. Треба да го исчистите јазикот.
КОМЕСАРОТ:
Од што господине?
ЗАХАРИЕВ:
Од сентименталност. Погрижете се за багажот.
Го погледнува новопристигнатиот. Очигледно, не му се допаѓа неговата ароганција. Збунетм го подига куферот. Па го остава. Се врти кон Полицаецот.
КОМЕСАРОТ:
(Тивко) Земи го куферот.
Заминуваат.
Исак се врти кон децата.
ИСАК:
Побрзајте, возот само што не тргнал!
Возбуден е, ги турка децата кон кон возот. Наеднаш Исак и децата застануваат.
Од вагонот, малку задоцнето, излегува поручник во германска униформа. Во едната рака носи багаж, во другата кутија за инструмент, чија форма покажува дека внатре има – труба. Фрла незаинтересиран поглед врз нив, а потоа, кратко разгледува наоколу, го зема багажот и полека заминува.
Децата се качуваат на возот. Свири локомотивата. Пареа. Звук на придвижување на локомотивата.
Исак ја крева раката во знак на поздрав. Потоа полека ја спушта. Стои, свртен со грбот, и гледа во далечината кајшто се губи композицијата со неговите деца.
Се слуша звук на локомотива во с# побрзо движење.
KALDU DI GAJINA
Квечерина. Ѓорѓи музицира на виолина. Свири романтична мелодија. Во домот владее пријатна, релаксирана атмосфера. Се појавува Рашела со филџан чај во рацете. Го остава чајот пред Тома и го држи за челото како да му проверува температура. Потоа се вслушува во музиката. На масата седи и Дијаманди, исто вслушан во музиката на син му. Тома, пак, е загледан во татака си. Полека го турнува филџанот од себе и го мести чајот пред него. Дијаманди воздивнува, го намирисува чајот и несвесно го крева филџанот за да се напие.
Ненадејно, расипувајќи го звукот, но сеедно во ритмот на мелодијата, едвај носејќи куп ѕвечкави чинии, се појавува малиот Димитрија. Ѕвечкањето го свестува Дијаманди кој чајот пак му го предава на Тома. Тома се прави недоветен, со израз “што можам јас кога тебе ти се припи мојот чај”.
Евридика доаѓа и на масата постила бел чаршав за вечера. Полека доаѓа и Панду кој носи голема супиера од која испарува топлата чорба.
ПАНДУ ЛАВДА:
Доаѓа супата! Како се викаше топла пилешка супа на сефардски, Рашела?
РАШЕЛА:
Kaldu.Kaldu di gajina…
ДИЈАМАНДИ:
(Ја слуша музиката, замислено…) Исто.
ТОМА:
Што – исто? Абе тато никогаш не ги кажуваш работите до крај !
ДИЈАМАНДИ:
Исто како и на влашки…
ПАНДУ ЛАВДА:
С# е исто. Како што отсекогаш сум велел: Евреите се одамна изгубени Власи.
ДИЈАМАНДИ:
(Се сепнува) Ај не трескај глупости. Така велат Италијаните за нас:”Вие Власите сте – велат – наши изгубени браќа.”
ПАНДУ ЛАВДА:
Така де. А ние велиме за Евреите.
ТОМА:
Така му иде дека Рашела е Италијанка.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ами како. И ние сме. Кога не се правиме Англичани.
ДИЈАМАНДИ:
Ајде де!
ПАНДУ ЛАВДА:
С# си е така, зете, верувај. Еве гледај: Евреите се, рековме, Власи, Власите се Италијани, Италијаните – пред тоа – Грци, Грците се, нели, Македонци, Македонците Руси од зад Карпатите, а Русите се Германи…С# е јасно.
ТОМА:
А сите сме Американци, така вујче?
ПАНДУ ЛАВДА:
Така треба да биде.
ЕВРИДИКА:
Доста Панду, пак ги испреметка работите.
ПАНДУ ЛАВДА:
(Ја крева главата кон сестра си) Така денес н& се чини. Се израспарчија луѓето, се поделија и народите, па денес веќе не знаат што се. Заборавиле дека од исто стебло потекнуваат. Како парчињата заразават во чорбава. Некогаш вриени заедно, денес подоладени, а пак сите во еден ист сад. Светот ти е денес како оваа чорба. Калду ди гаљина.
На вратата се појавува поручникот во униформа на Вермахтот. Во раката држи парче хартија.
Евридика го здогледува и се стаписува.
Ѓорѓи запира со свирењето. Поручникот ја вади капата и поздравува со мал наклон. Држењето не му е сосем војничко.
ПОРУЧНИКОТ:
Се извинувам што ве прекинав. Јас сум испратен од локалниот комесаријат, на стан кај вас. Дозволете, Враницки.
ТОМА:
Еве ти еден Рус, вујче. Прав Рус од Германија.
ПУМПАТА
Рашела во дворот на куќата. Засилено пумпа. Погледот & е отсутен. Нема вода.
Гласно цвичи пумпата.
Затемнување.
ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА, ВТОР ПАТ
Шум на воз во брзо оддалечување. Исак, како и пред тоа, стои сам на перонот.
Почнува да врне редок снег.
ДЕТСКИ ГЛАС (off):
“ БИТОЛА ЈА НАПУШТИВМЕ ВО ЗИМАТА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА. ЗАД НАС ОСТАНА БИТОЛСКИОТ СТУД, СЕСТРА МИ РАШЕЛА КОЈА ТАТО НЕ ЈА ПУШТИ ДА ДОЈДЕ НА СТАНИЦА, И ТАТКО МИ, САМ НА ПЕРОНОТ. ОДИМЕ ЗА СОЛУН. “ТАМУ Е – ВЕЛЕШЕ ТАТО – ПОТОПЛО И ПОСИГУРНО. ТАМУ ЈА ПЕАТ ПЕСНАТА ‘PRIMAVERA EN SALONICO’. ТАМУ ИМА МОРЕ И ГАЛЕБИ, МНОГУ НАШИ ЛУЃЕ И ПРИСТАНИШТЕ СО ГОЛЕМИ БРОДОВИ’. СИТЕ САКАМЕ ДА ПАТУВАМЕ СО БРОД. ‘ЌЕ ПАТУВАТЕ – РЕЧЕ ТАТО – АКО ТАКА ТРЕБА ДА БИДЕ’. “
Писок. Исак го заплиснува пареа.
Однекаде се појавува Рашела. Сликата е необична, нестврана.
Го гледа татка си. Оди кон него. Го допира по рамото.Тој не ја чувствува. Рашела му ја става главата на рамото. За миг останува така. Потоа полека заминува.
Тој останува на станицата. Загледан во далечината.
Пласти густ снег.
ИНСТРУМЕНТИ
Враницки и домашните. Како и пред тоа.
Зад него се појавува иРашела.
ПОРУЧНИКОТ:
Поручник Јозеф Враницки, чест ми е.
ПАНДУ ЛАВДА:
Што вели?
РАШЕЛА:
Вели дека го испратиле да живее тука.
ПАНДУ ЛАВДА:
Е, убаина.
ПОРУЧНИКОТ:
Bitte?
Станувајќи…
ПАНДУ ЛАВДА:
Одли-бите!
ЃОРЃИ:
Вујко престани !
ПАНДУ ЛАВДА:
Велам – се стори! Многу убаво, што н& дојде и ти дома. Полна н& е сега куќата. Ќе треба да приставиме уште супа. Турете му од белосветската чорба. “Калду ди гаљина” и за братчево!
ЕВРИДИКА:
Панду!
ДИЈАМАНДИ:
(Со тон да не го разбере дојденецот) Ај прошетај малку низ дворот.
ПАНДУ ЛАВДА:
Сакам да одам в чаршијата и да се начукам како никогаш до сега. Ама ќе одам в двор. Не е време за ќефлеисување.
Заминува.
ДИЈАМАНДИ:
Повелете господине седнете.
РАШЕЛА:
(На германски) Седнете, господине.
Поручникот се наклонува.
ПОРУЧНИКОТ:
(На Рашела) Убаво говорите германски. Каде го научивте.
РАШЕЛА:
Тука, на училиште.
ПОРУЧНИКОТ:
Вие сте?
ЕВРИДИКА:
Што вели?
РАШЕЛА:
Сака да му се претставам.
ЕВРИДИКА:
Тоа е ќерка ми. Кажи му.
РАШЕЛА:
(Германски) Ова е мојата мајка, господине Враницки. Јас се викам Рашела.
ПОРУЧНИКОТ :
Драго ми е.
ЕВРИДИКА :
Прашај го сака ли ракија? Ако останало нешто од Панду.
ДИЈАМАНДИ :
Подгответе ја за него одајата на спратот. Јас одам. Сношти око не склопив. Сега ми се спие.
Таа го гледа. Дијаманди излегува, по него и Евридика.
ПОРУЧНИКОТ :
Убаво свирите господине.
ЃОРЃИ :
(На германски) Danke.
ПОРУЧНИКОТ:
И вие говорите германски.
ЃОРЃИ:
Не така добро како… сестра ми.
ПОРУЧНИКОТ:
Посебно ми е драго што сме колеги. И јас сум, знаете, музичар. Завршив конзерваториум. Свирам флејта.
РАШЕЛА:
Флејта? Убав инструмент.
ПОРУЧНИКОТ:
Тоа ми е некако наследно. Татко ми го свири истиот инструмент, но веќе не музицира. Вели не се ова времиња за музика… И да е така, јас, ете, свирам. Трубата ја добив по служебна должност. Открив нешто што воопшто не сум го знаел. Верувам ни вие.
ЃОРЃИ:
А тоа е?
ПОРУЧНИКОТ:
Трубата е всушност флејта.
РАШЕЛА:
Како е тоа можно?
ПОРУЧНИКОТ:
Лесно, со обична наредба. Кога мобилизирате флејтист добивате трубач.
Рашела се смее. Ѓорѓи ја гледа. Таа ја враќа сериозноста.
ПОРУЧНИКОТ:
Чиста физика. Однос на сили и хиерархии.
ЃОРЃИ:
И метафизика.
ПОРУЧНИКОТ:
Како?
ЃОРЃИ:
Така излегува. Флејтата е труба. Трубата е воен инструмент. Вие војувате со флејта. Војната станува борба за мир… Тешко се рабира, ама изгледа вистинито.
Враницки го гледа за миг.
ПОРУЧНИКОТ:
Сте биле на фронт?
ЃОРЃИ :
Денес секаде е фронт.
ПОРУЧНИКОТ:
А, не. Многу е различно. Овде, и се музицира. Таму само се гине. Не ми одговоривте.
ЃОРЃИ:
Не, не сум бил. Кој знае, можеби ќе треба да одам.
ПОРУЧНИКОТ:
Немојте, ако не морате.
ЃОРЃИ:
Во војна с# се мора.
ПОРУЧНИКОТ:
Ви загинал некој близок?
ЃОРЃИ:
Не. Зошто прашувате?
ПОРУЧНИКОТ:
Во оваа војна јас загубив двајца. Постариот и најмладиот брат. Војната е физика господине. Густ пат на куршуми и на шрапнели. По смртта на вториот брат, татко ми доби шлог. Така престана да свири. Што мислите, не му се свири поради војната? Во војна ти се свири како никогаш. Да можеше да свири, не ќе запираше. Ама не може. Десната рака не му функционира. Усната му е вкочанета. Кога сака да говори испушта воздух како да потсвирнува. Сиот се зацрвенува. Од убав човек стана руина. Така вели мајка ми. Прашање на време е, вели, кога ќе добие нов шлог. Чувај се, вели мајка ми; а мисли на нас двајцата. Чиста физика господине.
Настанува непријатна атмосфера. Тома потстанува.
ТОМА:
(Воодушевен) Не разбрав ништо, ама убаво зборува. Прав војник. Гледај како му стои униформата.
ЃОРЃИ:
Тебе никој не те праша за мислење.
ПОРУЧНИКОТ:
Ве молам извинете. Не сакав да бидам толку натраплив.
РАШЕЛА:
Што ќе работите тука господине Враницки?
ПОРУЧНИКОТ:
(Му спласнува ентусијазмот) Дојден сум за инструктор на локалниот оркестар.
ТОМА:
Прашај го дали има пиштол.
РАШЕЛА:
Имате флејта?
ПОРУЧНИКОТ:
Не. Да ја носев, можеби ќе свириме во дуо.
ЃОРЃИ:
Можеби.
ПОРУЧНИКОТ:
А како Ви е Вам името?
ЃОРЃИ:
Ѓорѓи. Се викам Ѓорѓи.
ТОМА:
Ѓорѓи, прашај го бе…
ПОРУЧНИКОТ:
Може да ве викам Георг? Не се надевав дека тука ќе сретнам европска музичка култура.
ЃОРЃИ:
Не? А на што се надевавте, поручнику ?
ПОРУЧНИКОТ:
Во моите претстави Македонија е една ориентална земја.
ЃОРЃИ:
Ќе ги коригирате своите претстави. Ова е конзулски град.
ПОРУЧНИКОТ:
Сепак треба самиот да се уверам во тоа. Јас, знаете, доаѓам од Виена.
РАШЕЛА:
Ова место го викаат град на 400 клавири. Тука доаѓала Сара Бернар, престојувале Вагнер и Лист. Ова е град на продуховени луѓе, господнине Враницки.
ПОРУЧНИКОТ:
Бездруго, госпоѓице. Драго ми е што го запознав првиот претставник. Ми се чини и најубавиот.
Рашела се збунува. Евридика се враќа. Ја забележува збунетоста на девојката.
ТОМА:
Прашај го, бе брат, има ли пиштол?
ЃОРЃИ:
Престани, ќе те плеснам.
ТОМА:
Зошто бе Ѓорѓи ?
ЃОРЃИ:
Зашто не сакам да знам.
ЕВРИДИКА:
Ајде ќерко оди заврши ги домашните работи. Тома, однеси го господинов во неговата одаја.
ТОМА:
Одиме, господине. (на “странски”) Заповјадајте!
ПОРУЧНИКОТ:
Лека ноќ.
Заминуваат.
РАШЕЛА:
Треба да си одам. Ќе почне полицискиот час.
ЕВРИДИКА:
Од утре ќе спиеш тука. Така ќе му кажеш на татко ти.
Подобро е за тебе, а и мене ми треба помош.
РАШЕЛА:
Добро тетка Евридика.
ЕВРИДИКА:
Уште нешто. Отсега ќе ме викаш мајко.
Поздравува со глава и заминува.
ЕВРИДИКА:
Ајде, сине, оди и ти да си легнеш.
Ѓорѓи ја гледа. Нервозна е, го избегнува неговиот поглед.
ЃОРЃИ:
Што е мамо, сакаш нешто да ми кажеш?
ЕВРИДИКА:
(Го фиксира) Не бе сине. Само да одиш, да си легнеш. Денес се изнаработи, и дома, и в дуќан… А види и какво е времево. На сите н& треба починка. И спокој. Денес е подобро човек порано да си легнува.
Затемнување.
РАЗ-БРАНИК
Дијамнади, со тетратка в раце, очила паднати до сред нос и палто префрлено преку рамениците, шета и & диктира на Рашела. Таа пишува. Евридика седи, плете тантела и фрла поглед кон нив.
Ненадејно, силно возбуден, упаѓа Тома.
ТОМА:
(На раб од плач) Не ме примија. Слушате ли! Ме одбија од браничката организација.
Татко му станува, оди кон него…
Влегува Панду.
ДИЈАМАНДИ:
Де бре сине, не е тоа ништо страшно.
ТОМА:
Учев, бе, се истакнував заради тоа. Сите песни ги испонаучив. Ме навредуваа, молчев за да ме примат. Денес собрав сила и ги прашав: кога, им велам, ќе ме примите во браничката организација? А тие: “Што се занесуваш бе; биди среќен што те пуштаме да влезеш в училиште, не да чекаш да влезеш во Браници!”.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ако бе Томчо. Ќе те примат во некоја друга. Има и други, и поарни.
ТОМА:
Во која друга бе, во која друга?!
ПАНДУ ЛАВДА:
Денес, дете, само да сакаш униформа да облечеш…
ДИЈАМАНДИ:
Оставни го на мира.
ЕВРИДИКА:
Ајде сине, с# ќе биде добро.
ТОМА:
Ги научив “Тих, бјал Дунав” и “Знамето ни е трицв#тно”. Да ви ги кажам, бе – им викам. Нема што да ги кажуваш. Напамет, бе – им велам – ги знам и “Вел& к е нашиа војн& к” и “Од Ч#рно мор# до Охрид”. “Ништо! – велат – Ти не си достоен!”. Не сум бил достоен! Ги мразам, бе, ги мразам!
ДИЈАМАНДИ:
Зошто така, бе сине? Кога во оваа куќа некој се мразел?
ТОМА:
(Низ солзи и гнев) Не сум бил происход! “Ти си непроизход”, ми рекоа. Што е тоа произход, бе?
ПАНДУ ЛАВДА:
Произход? Ништо бе Томчо. Етикетка. Ја, како од твоите тетратки. Како оние што ги лепат в општина по фасциклите. Само овие им ги лепат на луѓето. Етикетата – бам – и на чело !…
ДИЈАМАНДИ:
Остави, Панду…
ПАНДУ ЛАВДА:
Разбираш ли? Ако разбираш јас ќе те примам во нова организација. Наместо Браник, ти сега ќе ми станеш – разбраник! Разбраник, Томчо, тоа е мојата организација. (Му намига) Што велиш, а?
Тома се созема. Се насмевнува. Се подзасркнува од скорешниот плач. Татко му оди до него и го гушка.
ДИЈАМАНДИ:
Ајде сега, донеси го грамофонот. Да ја чуеме онаа твоја плоча.
ТОМА:
Нели не ти се допаѓа?
ДИЈАМАНДИ:
Како не бе, сине. Само така велам. Како може мене да не ми се допаѓа тоа што ти го сакаш?
Манди погледнува во Панду со благодарност и со топлина. Панду му одмавнува со раката. Тома оди по грамофонот.
КИНО
Полутемница на кино-салата. Во прв ред седат Рашела и Фидан. По лицата им играат црно-бели сенки од проекцијата. Се слуша тон на филмски журнал на германски.
Во редот зад нив влегува и седнува поручникот Враницки.
Рашела и Фидан го следат журналот. Фидан подгледнува во неа.
Рашела се чувствува нелагодно. Фидан се обидува да ја префрли раката преку рамото на Рашела. Влегуваат Тома, загледан во журналот, и Димитрија кој му покажува кон Фидан и Рашела.
Таа внимава на журналот. Звук на журнал за воени заробеници.
Рашела не може да издржи.
Станува. Со жалење погледнува во Фидан. Нејзиното станување го привлекува вниманието на Враницки.
Таа заминува. По неа станува и Фидан.
Тома го забележува тоа. Димитрија гледа внесен во журналот кој очигледно не го разбира и грицка семки,забавувајќи се како да следи игран филм со воена содржина.
Враницки гледа по Рашела.
Тома сега го забележува и Враницки.
Затемнување.
КВЕЧЕРИНА
Музика од грамофон. Рашела пушта плоча. Се разлева мелодија со гласот на Зара Леандер во спориот такт на англиски валцер.
Рашела ја понесува мелодијата. Почнува да танцува. Самата. Полека се врти. Игра занесено, како млада девојка исполнета со првите романтични мечти.
Влегува Поручникот. Ја посматра. Нерасположен е.
Таа е изненадена, престанува да игра. Го наведнува погледот.
Наидува Ѓорѓи. Таа го забележува и него. Посрамена, Рашела брзо си оди.
Поручникот гледа по неа.
На вратата се појавува Фидан. Ја носи кантата со млеко во рацете. Го забележува погледот на Поручникот. Го гледа непријателски.
ЃОРЃИ:
(Кон Поручникот) Das ist unser milchman, her Vranitzki!
ПОРУЧНИКОТ:
Ach, so!
ЃОРЃИ:
Фидане што чекаш? Однеси го млекото в кујна.
ПОРУЧНИКОТ:
Господине Георг, мислев да ве замолам за малечка услуга. Дали би сакале да ми ја позајмите виолината вечерва? Би сакал малку да посвирам. Горе, во мојата соба. Вечерва се чувствувам така. Добив телеграма од Виена. Вчера умрел татко ми.
Пауза.
ФИДАН:
Што бара овој?
ЃОРЃИ:
Се разбира, поручнику.
Враницки заминува. Ѓорѓи гледа по него.
ЃОРЃИ:
Ајде Фидане. Дојди.
ФИДАН:
Што му стана?
ЃОРЃИ:
Не знам. Не сакам да знам.
Заминува. Фидан се чуди. Ја крева кантата со млеко и оди по него.
Затемнување.
ЅВЕЗДИ
Комесаријатот за Еврејски прашања.
Коев е по кошула. Пие. Во пепелникот чади цигара.
Влегува Полицаецот и внесува пакет.
ПОЛИЦАЕЦОТ:
Има цел куп надвор. Не знам кај ќе ги собере.
Влегува Захариев. Полицаецот салутира. Овој не му обрнува внимание. Коев брзо го облекува палтото.Полицаецот излегува.
ЗАХАРИЕВ:
Нешто не ви е јасно?
КОМЕСАРОТ:
Каква е оваа пратка?
ЗАХАРИЕВ:
Моја нарачка. Знаете што има внатре? Ѕвезди.
КОМЕСАРОТ:
Одликувања?
ЗАХАРИЕВ:
Специјални. Жолти, шестокраки ѕвезди за Вашите сограѓани. Цели роеви.
КОМЕСАРОТ:
Не разбирам, господин Захариев…
ЗАХАРИЕВ:
И не треба. Има наредба. А наредба не се рабира.
КОМЕСАРОТ:
Ако не треба да знам…
ЗАХАРИЕВ:
Отсега натаму твоите Евреи ќе шетаат низ градот, декорирани со овие ордени.
КОМЕСАРОТ:
Невозможно…
ЗАХАРИЕВ:
Зошто? Нема да им пречи, тоа е нивен омилен знак.
КОМЕСАРОТ:
Мислев с# ќе се заврши со попишување. Една евиденција и толку. Не мислев дека ќе одиме потаму.
ЗАХАРИЕВ:
О, ќе одиме многу потаму. Ќе одиме далеку. Најдалеку. Што се исчудувате. Колку сте вие наивен човек, Коев.
КОМЕСАРОТ:
Не може тоа туку така. Кој ќе ја сноси одговорноста за тоа? Овој народ, оваа власт! Вие ли ќе ја сносите одговорноста, Захариев?!
ЗАХАРИЕВ:
Каква одговорност? Имаме одговорност само кон нашата цел. Знаеш ли која е нашата цел? Ние, во Европа на најдобрите народи.
КОМЕСАРОТ:
И ние вака треба да се наредиме меѓу нив? Со бележење луѓе? Со раселување цели народи?…
ЗАХАРИЕВ:
Престани да ми се внесуваш в лице. Смрдиш на ракија и на лук како секој балкански простак.
КОМЕСАРОТ:
Тоа сум. Не се правам што не сум. Извинете господине, јас сум христијанин и тоа не можам да го оправдам. Тоа, проштевајте, Захариев, ни малку не личи на нас. Не личи на ништо, ако сакате да …
Не стигнува да ја заврши реченицата. Захариев му удира силна шлаканица. Коев механички се фаќа за пиштолот. Добива уште една шлаканица од која се затетеравува. Шокиран е. Се држи за удреното и изненадено гледа во Захриев. Овој го погледнува, ги навлекува ракавиците.
КОМЕСАРОТ:
Захариев, ако за Бога знаете!…
ЗАХАРИЕВ:
Не знам бе. Не го мешам Бога со работата. Јас сум, воопшто, против мешаните работи. Мене ме интересираат оние чистите. Чистите форми, чистите знаци, чистите професионалци. Ова не го сваќај лично. Обична воспитна мерка. За да се повратиш. Некој коментар?… Така и си мислев. Имаш право на жалба до повисоката инстанца. Не треба да објаснувам дека повисоката инстанца…сум повоторно јас. Јасно?
КОМЕСАРОТ:
Ја..јасно…
ЗАХАРИЕВ:
Ништо тебе не ти е јасно. Чувствителен си, нервозен, раздразлив. Тоа типично за вас провинзијалците. Вам умот ви допира само до комшискиот двор. Живеете во маала. Со секого се викате “комшија”. Се познавате сите меѓу себе, секој втор ви е роднина. Поткуп примате од непознати. Познатите ве поткупуваат со обична молба. Пристрасни сте кон сите. Продавате власт од име на државата, а примате пари за својот џеб. Така не правиме ништо. Емоциите се пречка во оваа работа, Коев. Оваа работа бара ладна глава. Како кај хирурзите. Тука се работи за хируршка интервенција.
КОМЕСАРОТ:
Не можам јас тоа, господине. Од ова се плашев. Со денови немам спокој. Место не ме фаќа. Ми се лоши. Како да не сум со сите…
ЗАХАРИЕВ:
Не треба, Коев. Треба да си само со нас. (Со сменет тон) Имате ли нешто да прашате господин Комесар?
КОМЕСАРОТ:
(Тивко) Н..не.
ЗАХАРИЕВ:
Не слушнав.
КОМЕСАРОТ:
Не, господине Захариев.
ЗАХАРИЕВ:
Така е веќе подобро. Не ве интересира како ќе ги делиме?
КОМЕСАРОТ:
Како што мислите…
ЗАХАРИЕВ:
Ние нема да им ги делиме.
КОМЕСАРОТ:
Како тогаш…
ЗАХАРИЕВ:
Тие ќе идат по нив. Ќе ги купуваат. Дваесет лева, секоја ѕвезда. На крајот што се дваесет лева за цела една ѕвезда…(Пауза) Разочаран сум, Коев. Не покажувате иницијатива. Дури ни обично интересирање. Сепак, тоа за сега нема да влезе во мојот извештај.
Захариев излегува. Коев го спушта погледот. Полицаецот влегува со нов пакет. Посрамотен и стивнат, Коев гледа под око кон него.
Затемнување.
ВИОЛИНА
(Музика: флејта)
Рашела стои пред вратата од собата на Враницки. Во рацете држи виолина. Враницки ја отвора вратата. По кошула е, во раката има шише ракија. Припит е. На лицето му се гледа очај. Пауза. Тој ја гледа в очи. Нејзе & е нелагодно. Му ја подава виолината. Тој ја дофаќа. Ненадејно и за двајцата, инструментот треснува на земја.
(Музиката престанува.)
*
Речиси во истовремен блиц – на другата страна од сцената, како да го чувствува тоа – се сепнува и Евридика. Манди погледнува во неа.
*
Рашела бега. Враницки гледа по неа. Сака да ја повика назад, но останува нем, само со испружена рака, која потем брзо ја спушта.
ЗНАК
Соба на во домот на семејството. Рашела влегува. Отсутна е. Тука се Евридика, Дијаманди и Панду. Рашела вади една ѕвезда од џебот.
РАШЕЛА:
Татко ми ми рече: отсега натаму, ова треба да го носиме секогаш кога ќе излегуваме на улица.
ПАНДУ ЛАВДА:
Што е тоа?
Рашела не одговара само ја фрла ѕвездата на маса.
Во собата влегува Ѓорѓи.
Панду ја гледа ѕвездата. Манди гледа некаде на друга страна. Тишина.
Евридика брзо доаѓа до масата ја зема ѕвезадата.
ЕВРИДИКА:
Какви се тие глупости. Еве на, кај ќе ја носиш!
Решителнио оди и ја фрла ѕвездата.
Влегува Тома, знесувајќи ведро расположение.
ТОМА:
Вујче, им реков.
ПАНДУ ЛАВДА:
А?
ТОМА:
На училиште, с# им кажав. Не знам за вас, ама јас и да сакате не можам да бидам Браник. Јас сум член на една друга организација, им реков. Што ќе ми е да сум браник кога станав Разбраник. Некои прашаа, може ли и ние да станеме тоа. Не знам им велам, да го прашам вујко ми Панду. Што велиш вујче, да ги примиме?
ПАНДУ ЛАВДА:
Може.
ТОМА:
Ќе ги примиме, а?
ПАНДУ ЛАВДА:
Сите. Место заклетва треба да кажат вака: мајка му на Хитлер е курва со тапија. И така три пати. Разбираш?
ДИМИТРИЈА:
Знам што е курва, ама што е тоа тапија вујче?
Неочекувано влегува поручникот Враницки .
ПАНДУ ЛАВДА:
Мајка му на Хитлер…
ЕВРИДИКА:
Панду, доста!
ПОРУЧНИКОТ:
Добро вечер.
Сите погледнуваат во Панду. Панду е стаписан. Поручникот заминува во својата соба. Рашела си оди.
ЕВРИДИКА:
Кај одиш, ќерко.
РАШЕЛА:
Дома. Денес е празник. Се вика Сукот. Празник на колибите. Овие денови се градат колипки од гранки по дворовите. На денешен ден сите се собираат дома, во колибите.
Таа заминува.
ЕВРИДИКА:
Чекај. Ќе ти дадам нешто. Да му однесеш на татко ти.
Затемнување.
ВО КНИЖАРНИЦАТА
Квечерина. Полумрак. Ѓорѓи чука на машина.
Фидан седи и пуши. Замислен е.
Ѓорѓи погледнува во сатот. Ја остава машината, станува и зема едно купче со печатен материјал.
ЃОРЃИ:
Ајде, време е. Летоците ќе ги носиш само по еврејските куќи, разбра? (Ја крева главата кон Фидан) Ме слушаш ли бе ти?
ФИДАН:
Не викај. Те слушам. Ќе ги носам по еврејските куќи.
ЃОРЃИ:
Овие летоци можат да спасат многу животи.
ФИДАН:
…и што пишува во нив?
ЃОРЃИ:
Пишува: “Вистина ли верувате дека тие немаат намера да ве убијат?”. Пишува дека крвавите раце на Хитлер веќе се подготвуваат за уништување на сите Евреи. Од Полска, од Норвешка, од Хрватска и Романија. Дека сакаат тоа да ги стигне и Евреите од окупирана Македонија. Дека треба да побараат спас. Дека треба да н& пристапат, заедно со нас да се борат …
Фидан станува. Погледнувајќи во Ѓорѓи…
ФИДАН:
Ќе го убијам.
ЃОРЃИ;
Кого ќе го убиеш?
ФИДАН:
Германецот, твојот потстанар.
ЃОРЃИ:
Не зборувај глупости.
ФИДАН:
Неговите окупираат, убиваат луѓе, подготвуваат логори, а тој се истегнал во вашата куќа…
ЃОРЃИ:
Тука не можеме ништо.
ФИДАН:
Се плетка околу Рашела.
ЃОРЃИ:
Тоа не е вистина. Тебе така ти се чини. Луд си од љубомора.
ФИДАН:
Знаеш дека #.
ЃОРЃИ:
Не знам јас ништо !
ФИДАН :
Јас знам, бе. С# знам.
ЃОРЃИ:
Си ги видел ли?
ФИДАН:
Чувствувам. Кога ми го подаваше садот за млеко ќе ме погледнеша за кратко в очи и ќе се заруменеше. Во тие мигови беше убава како ниедна друга. Откако дојде тој, таа сосем се смени. Се стемни во лицето. Не ме гледа веќе в очи. Ми зборува ладно, ме избегнува. Го мразам, бе. Тој Германец ми одзема с# што сакам.
ЃОРЃИ:
(Пауза) Размисли добро, Фидане. Ако направиш глупост, ќе н# осудиш сите. И неа, и моите. И себе.
ФИДАН:
Ништо веќе не ми е важно. Ја сакам.
ЃОРЃИ:
Вети ми дека нема да сториш такво нешто. Вети ми дека ќе размислиш. (Фидан молчи) Фидане!
ФИДАН:
(Тивко) Ќе размислам, ветувам.
ЃОРЃИ:
Дај ми го пиштолот.
ФИДАН:
Остави го пиштолот. Не убива само пиштолот. Знаеш ти како е кај нас. Кај нас друго убива.
ЃОРЃИ:
Што?
ФИДАН:
Окото бе. Гневот. Срцето. Дај ги ваму летоците.
Ги зема, заминува.
ПУМПАТА
Кај портата се пали чкорче. Фидан. Наидува Рашела. Тој ја чека.
РАШЕЛА:
Ме уплаши. Што сакаш?
ФИДАН:
Порано не ми поставуваше такви прашања.
РАШЕЛА:
Тоа е порано.
ФИДАН:
Тоа е поради него, така?
РАШЕЛА:
Поради кого?
ФИДАН:
Знаеш ти добро. Германецот ти го свртел умот.
РАШЕЛА:
Никој мене не ми го свртел умот. Па ни ти.
ФИДАН:
Колку си сменета. Свесна ли си колку си сменета. Зошто ми го правиш ова. Мислев, знаеш колку ми значиш.
РАШЕЛА:
Жал ми е Фидане. Сега не е време за тоа.
ФИДАН:
Не е време? Цело време мислам само на тебе. Не можам да издржам. Ќе се убијам, да знаеш. Ќе направам некоја глупост.
ЃОРЃИ: (off)
Фидане!
Се појавува од полусенка.
ЃОРЃИ:
Доста беше. Кажа што кажа. Оди сега.
Фидан стои стаписан. Гледа во Рашела. Потоа кон Ѓорѓи. Збунет е. Ја фрла цигарата и си оди.
На вратата се појавува и Враницки. По кошула е. На плеќите носи сако. Фидан го забележува. Непријателски погледнува во него. И без збор исчезнува.
Враницки збунето гледа по него.
Рашела се врти кон Ѓорѓи. Тој не трепнувајќи гледа во неа. Рашела го спушта погледот. Забрзано заминува.
Враницски сака да ја повика. Неа веќе ја нема. Тој се откажува. Збунето погледнува кон Ѓорѓи.
Ѓорѓи оди до пумпата. Забрзано пумпа вода. Залудно. Пумпа с# посилно. Цвичи пумпата.
Враницки влегува дома.
Одзади се појавува Панду. Ѓорѓи запира со пупмањето.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ми бега. Ми бега жилата. Се губи некаде. Се плашам да не ја снема. Да не се изгуби засекогаш.
Ѓорѓи почнува силно да пумпа. Залудно цвичи пумпата.
СУКОТ
Свртен со грб кон публиката, во колипката од која претходно беше Спилион, а сега Suka, седи Исак. Зад него заблеснува ѕвездениот свод. Исак нешто мрмори.
РАШЕЛА:
Татко, јас сум тука.
Исак се подзавртува за да го констатира нејзиното доаѓање, се поднасмевнува, не & одговара директно, а потоа…
ИСАК:
Каин и Авел, Каин и Авел. Тората повторно ќе се пишува…
РАШЕЛА:
Татко што ти е?
ИСАК;
Мислам ќерко, и не можам да домислам. Зошто блиските стануваат најголеми непријатели? Нашите предци пред илјада години почнаа да зборуваат шпански и португалски, а пред неколку века од огништата ги изгонија токму Шпанците и Португалците. Евреите пак, горе, од Европа, зборуваат германски, а Германците сега ги гонат и ги затвораат во гета токму нив. Тие се поблиски до нив одошто до нас. Ќе заврши ли тоа некогаш?
РАШЕЛА:
Ќе заврши, татко, ќе заврши.
ИСКА:
Кога ќе заврши? Каде Ќе заврши? Таму? Или во Палестина? Палестинците и ние имаме ист корен, а се мразиме со векови. Илјади години омраза. Живеат заедно, а добар ден не сакаат да си кажат…
РАШЕЛА:
Остави го тоа, татко.
ИСАК:
…А знаеш како се вика “добар ден” таму? “Shalom alehem”, велиме ние. “Селам алејкум”, велат Арапите. И едното и другото значи исто. Мир. Ние велиме “Buenas no}es”, нашите сонародници во Германија и Холаднија велат “Gut naht”. Велат “gut naht”, а никој сега нема сон. Велат Shalom, а никој нема мир.
РАШЕЛА:
Ти донесов нешто да каснеш…
ИСАК:
Не ми се јаде, ќерко. Ми се липа. Ми се плаче.
РАШЕЛА:
Мисли на нешто убаво.
ИСАК:
Мислам на убаво, мислам на убаво. Се сеќаваш ли, Рашела, како некогаш ја китевме нашата колипка за овој празник? Ти, мајка ти, браќата и сестра ти, сите заедно, радосни, во колипката за Sukot? Осум дена тука ручавме и тука вечеравме, како што е обичајот. Се сеќаваш ли?… Ете. Мислам на убаво. А уште повеќе овде ме стега…
РАШЕЛА:
Тогаш не се сеќавај. Сеќавањата дразнат.
ИСАК:
Не се сеќавам, не се сеќавам. Си велам, дали роднините во Солун годинава успеале да направат колипка за Sukot? Ако направиле, твоите браќа се сега во неа. Јадат, пијат… И можеби мислат на нас.
РАШЕЛА :
Мислат, тато.
ИСАК:
Кој знае.
РАШЕЛА:
Види. Гледај колку ѕвезди има вечерва на небото. Како Господ да го запалил најголемиот полилеј за празникот. За тебе, за мене. За нашите во Солун. Ни дава знак на сите. Ги пали ѕвездите небесни да н& покаже дека не сме сами!
Пауза. Исак ја погледнува.
ИСАК:
Сами сме.
РАШЕЛА:
Тоа само така н& изгледа.
ИСАК:
Не ми се верува веќе.
РАШЕЛА:
Верувај. Погледни. Може ли после ваква величествена ноќ да се случи било што лошо?
Го прегрнува. Тој сака нешто да каже.
РАШЕЛА:
(Му ја затвора устата со рака; тивко) Среќен празник татко!
Тој има горчлива насмевка на лицето. Кимнува со глава и се врти кон неа.
На градите има пришиена, крупна, жолта Давидова ѕвезда.
ЛЕТОЦИ
Ноќ. Фидан расфрла летоци.
Наидува Коев. Го здогледува. Се фаќа за пиштолот.
КОЕВ:
Еј, стој!
Фидан бега.
КОЕВ:
Стој, слушаш ли?
Фидан се засолнува во куќата на Дијаманди. Се крие, возбудено дише. Наеднаш ја адогледува Рашела. Се појавува Коев.
КОЕВ:
(Кон Рашела) Да не влезе тука некој?
РАШЕЛА:
Никој господине. Само што сакав да ја заклучам капијата.
Коев гледа проникливо во неа. Таа го издржува погледот. Коев сака нешто да каже. Во исто време се појавува Јозеф Враницки . Го одмерува Коев.
ПОРУЧНИКОТ:
Was is loss?
КОЕВ:
Ништо, ништо господине.
Се повлекува пред Германецот.
КОЕВ:
Ако. Заклучи. Ова се несигурни времиња. Никогаш не знаеш кој с# може да ти влезе дома.
Враницки го здогледува скриениот Фидан, потопен во сенката на ноќта. Фидан полека излегува. Враницки го здогледува. Фидан непријателски го гледа. Враницки се свртува и оди кон куќата. Фидан го вади пиштолот. Го вперува кон Враницки.
РАШЕЛА:
Не!
Враницки застанува. Се врти и го гледа Фидан. На вратата од куќата се појавува Ѓорѓи.
РАШЕЛА:
Тоа е благодарност. Тој те спаси.
Раката на Фидан останува така. Потоа полека ја спушта.
ЃОРЃИ:
Дај ми го пиштолот, Фидане!
Ѓорѓи го погледнува.
ФИДАН:
С# уште ми треба. Ништо не е завршено.
Го става пиштолот на место. Брзо си оди.
Затемнување.
КНИЖАРНИЦА
Дијаманди реди книги. Ѓорѓи пишува. По кошула е, сакото му е на столица.
Влегуваат Коев и Полицаецот.
ДИЈАМАНДИ:
Повелете. Што можам да сторам за вас.
КОЕВ:
Ти ништо. (Кон Ѓорѓи) Ти! (Му покажува леток) Познато ли ти е ова?
Станува. Збунет е.
ЃОРЃИ:
Не знам што е тоа.
КОЕВ:
Летоци. Пропаганда. Градот е преплавен со нив. Вие имате печатница.
ДИЈАМАНДИ;
Чекајте господине. Син ми нема ништо со тоа.
На вратата се појавува Захариев.
ЗАХАРИЕВ:
Ако нема, ќе се покаже. Ако има, ќе пропее.
Го носат Ѓорѓи.
ДИЈАМАНДИ:
По цело време е дома. Тој е добро дете. Чекајте. Господине! Сине! Земемете го барем палтово.
Дијаманди останува со палтото в рака.
ВРАНИЦКИ
Ноќ. Манди нервозно шета низ дворот. Преку раката му е палтото на Ѓорѓи.
Се отвора вратата, влегува Враницки. Дијаманди оди кон него. Многу е возбуен.
ДИЈАМАНДИ:
Дојдовте. Вас Ве чекам. Синот, господине. Го зедоа. Го однесоа денес. Ѓорѓи. Георг.
ВРАНИЦКИ:
(Не го разбира) Was ist loss mit Georg?
ДИЈАМАНДИ:
Го уапсија господине. Арест! В полиција. Бев таму. Не даваат да го видам.
ВРАНИЦКИ:
Georg wurde verhaftet?
ДИЈАМАНДИ:
Да. Уште е таму. Вас Ве чекав. Ве молам господине. Ве преколнувам. Одете в полиција. Кажете им. Георг ис гут! Гут! Душа, господине. Душа има толкава. Заради неа страда. И да згрешил, ќе се поправи. Ќе го затворам дома, да не мрдне. Ни в дуќан нема да го пуштам. Ве молам господине! Ве молам!
Враницки гледа во него. Изгледот му кажува дека разбрал што се случува, нешто по зборовите, најмногу по возбудата.
Ја крева главата. Во полутемницата стои Рашела. И Евридика. Гледаат втренчено во него.
ДИЈАМАНДИ:
Ќе одите ли господине? Јозеф? Ако одите однесете му го ова. Го земаа така.
Враницки гледа во палтото. Молчи.
Рашела исчекорува од полутемницата. Враницки погледнува кон неа. Таа има стегнат, молбен поглед поглед на лицето.
Ппогледнува во палотото. Потоа ја подава раката кон Дијаманди.
Затемнување.
ПЛАДНЕ
Дијаманди, сам. На вратата се појавува Ѓорѓи. На плеќите носи палто. Кошулата му е искината. Дијаманди го крева погледот. Станува.
ДИЈАМАНДИ:
Се врати ли, сине?
ЃОРЃИ:
Останав таму. Умрев, Манди.
ДИЈАМАНДИ:
Не зборувај така. Дојди, седни. Што рекоа.
Ѓорѓи се трга од него.
ЃОРЃИ:
Не рекоа ништо. Ете, ме пуштија. Ме испратија до врата, уште и се поздравија со мене.
ДИЈАМАНДИ:
Така треба. Германецот им објасни. Што имаш ти со тоа. Ништо.
ЃОРЃИ:
Цела чаршија ме виде.
ДИЈАМАНДИ :
Што ако виде…
ЃОРЃИ:
Сите гледаа попреку…
ДИЈАМАНДИ:
Знае чаршијата кои сме и што сме…
ЃОРЃИ:
И да знае, јас сега не знам кој сум и што сум.
Пауза.
ДИЈАМАНДИ:
Ајде, легни си.
ЃОРЃИ:
Нејќам, бе. Цел живот лежам. Сите нешто прават за себе, за другите…Јас само лежам.
ДИЈАМАНДИ:
Направи и ти. Направи, што направи, доста беше.
ЃОРЃИ:
Што знаеш ти, што јас сум направил? Да знаеше не ќе беше олку среќен.
ДИЈАМАНДИ:
Знам бе. С# знам. Мислиш не гледав? Хартијата пред очи ми исчзнуваше. Криво ми е само што молчев. Троши хартија, си велев. Нека троши. Книжарница е ова, не бакалски дуќан. Барем хартија има. Молчи Манди, си велев, млад е, ќе се свести. Сите во младоста глупости правеле. Не знав дека ова од глава ќе ни се удри. Ајде сега, оди.
ЃОРЃИ:
Каде да одам? Место никаде не ме фаќа. Викни го Фидан.
ДИЈАМАНДИ:
Никого јас не викам. А нема ни ти. Доста беше од с#. Ќе седиш дома. Во дуќанот за сега нема да се појавуваш. Нека се смири с#.
Влегува Евридика. Го прегрнува синот. Тој останува така. Скршен. Го носи со себе. Се појавува Рашела.
Заминува и Манди.
Влегува Враницки. На другата страна се појавува Рашела. Се гледаат.
(Музика: флејта)
Таа гледа во него. Тој се доближува до неа. Гледа во неа. Таа му кимнува во знак на благорданост. И заминува. Враниски глда по неа.
Затемнување.
ВО ДВОРОТ
Фидан и Ѓорѓи. Се гледаат. Молчат.
ЃОРЃИ:
Кажи нешто.
ФИДАН:
Ти кажи.
ЃОРЃИ:
Немам што да кажам. И таму не реков ништо.
ФИДАН:
Треба ли да се засолнам? Деновиве спијам по роднини.
ЃОРЃИ:
Спиј. Ти барем можеш да спиеш.
ФИДАН:
Кој те ослободи?
ЃОРЃИ:
Ти што мислиш.
ФИДАН:
Не мислам. Прашувам.
ЃОРЃИ:
Германецот.
ФИДАН:
Што имаш ти со него?
ЃОРЃИ:
Ист покрив.
ФИДАН:
А таа?
ЃОРЃИ:
Која, таа?
ФИДАН:
Знаеш која. Рашела.
ЃОРЃИ:
А, Рашела. Таа ја има твојата љубомора.
ФИДАН:
Се не прави паметен. Ти си сменет. Сега јас прашувам. Како да ти веруваме?
ЃОРЃИ:
Никако. Што треба да правам?
ФИДАН:
Остани дома. Тоа е наредба. После ќе видиме.
Си оди. Потоа застанува за миг.
ФИДАН:
Уште нешто. Примен сум во Партијата. Место тебе.
Заминува.
Ѓорѓи останува така.
Затемнување.
ЉУБОВНИЦИ
Враницки и Рашела, сами. Тој ја крева раката кон нејзиното лице. Таа гледа во него. Ја гали. Таа ја врти главата. Тој и ја поткрева брадата. Таа гледа право во неговите очи. Му ја препознава емоцијата. Тој ги доближува усните. Таа ги затвора очите. Ја бакнува.
(Музика: флејта)
Рашела го прегрнува.
Влегува малиот Димитрија. Ги гледа. Се фаќа за уста со рацете. Тие се бакнуваат. Тој се повлекува.
ЕВРИДИКА И ЃОРЃИ
Ѓорѓи е сам во собата. Стои, чита книга. Влегува Евридика. Тој за ја бележува, ја затвора книгата.
ЕВРИДИКА:
Требаше да запишеш студии. Книгата отсекогаш ти одела.
ЃОРЃИ:
Кој ќе му помагаше на Манди?
ЕВРИДИКА:
А кој му помагаше до сега?
Ѓорѓи ја погледнува.
ЃОРЃИ:
Сега е доцна. Кога го молев, не сакаше да ме пушти. “Што ќе правиш ти таму?”. “Кому јас ќе му го оставам дуќанот?”, “Што ќе научиш на студии, за книжарска трговија?”… За Манди цел свет е само неговата книжарница.
ЕВРИДИКА:
Згреши.
ЃОРЃИ:
Што не кажа тогаш дека згрешил. Сега е доцна. Сега знам с# за книжарската трговија, не знам ништо за себе. Знаеш ли, ма како е кога ќе ти се расипе сон?
ЕВРИДИКА:
Млад си, не смееш така да зборуваш.
ЃОРЃИ:
Млад сум, затоа така и зборувам.
ЕВРИДИКА:
Што сакаш бе ти? Мислиш татко ти немал сон? Мислиш само тоа го сакал. Да скапува по цел ден во дуќанот, со порачки зад тезгата и љубезни насмевки на децата за едно купено моливче?! Ама за вас тоа го правеше! За сите нас. На тоа ти текнало ли?
ЃОРЃИ:
Не сакам да е с# исто! Не сакам да го повторувам животот на татко ми! Нејќам вие да го планирате мојот живот. Сакам сам да ја правам иднината. Ми ги врзавте и очите и рацете со тие ваши приказни. Оставете ме малку да дишам.
ЕВРИДИКА:
А , слободија сакал господинот? На ти ја, бе, кој ти ја брани. Прави глупости. Валкај се со политика. Оди си од дома на Божик. Печати летоци ноќе. Криј се како крадец. Маткај се низ дома со забранети книги. Тоа ли е твојата иднина бре? Тоа е иднина за апаши, не за домаќини луѓе.
ЃОРЃИ:
Од кај знаеш ?…
ЕВРИДИКА:
Од овде. Од кајшто те откинав.
ЃОРЃИ:
Ниешто од тоа не е вистина.
ЕВРИДИКА:
Ти ќе ми кажеш што е вистина. Што знаеш ли ти, бре, што е вистина? Вистина е кога кријам од татко ти дека нешто е е во ред со неговиот најголем син, вистина е кога срцето ми трепери да не свалиш некоја несреќа врз таа твоја тврда глава и врз куќава. Ете тоа е вистина. Вистина е ако речеш едно “фала” за тоа што сме ти го дале. Што сакаш уште бе? Најаден си, испран, испеглан. Носиш нови алишта, свириш на нов инструмент. За роденден ти добиваш радио, другите само честитки. Види ги твоите другари. Што имаат тие? Види го, ене, твојот Фидан.
ЃОРЃИ:
Него остави го на мира.
ЕВРИДИКА:
Сакав. Ама не можам. Мислев тој тебе не те остава на мира. Потоа дознав дека било обратното. Џабе го мразев. Сега го жалам.
ЃОРЃИ:
Жали ги ти оние што мислат само на себе и на своите. Не жали го тие што мислат на сите други.
ЕВРИДИКА:
Каде се тие јунаци да ми е да знам.
ЃОРЃИ:
На планина. Таму ќе одам и јас.
ЕВРИДИКА:
Не лажи се со тие руски бајки. Секој прво на себе мисли. Така сме сите скроени. Не гледаш какви се времињава? За помали работи денес се страда.
ЃОРЃИ:
Таму ми е и мене местото.
ЕВРИДИКА:
Што рече?
ЃОРЃИ:
Чекам врска. Ќе одам в партизани.
ЕВРИДИКА:
Семејство имаш, будала!
ЃОРЃИ:
Јакото семејство. Двајца палави клинци, татко ми затворен во книжарницата, и дрвениот филозоф Панду Лавда да …
Го прекинува нанадеен удар на шлаканица. Тој се скаменува. Таа се престрашува од сопствената постапка.
ЕВРИДИКА:
Не сакав. Извини, сине. Ми се испушти, мајка!!!
Се држи за удреното. Гледа изненадено во неа. Заминува.
ЕВРИДИКА:
Ѓорѓи! Сине! Ѓорѓи!!!
НОЌ
Дијаманди седи во собата и слуша тивко радио. Се слуШаат трите карактеристични удари на Радио-Лондон од емисиите за време на Втората светска војна.
На плеќите му е префрлена домашната наметка. Наидува Евридика. Молчи и го гледа.
Тој се врти.
ДИЈАМАНДИ:
Ме исплаши. Што си се загледала така?
ЕВРИДИКА:
Ништо. Напредуваат ли Англичаните?
ДИЈАМАНДИ:
Не е јасно. А ако не е јасно, значи дека не напредуваат… Кој знае што ќе биде?
ЕВРИДИКА:
Дојде ли Фидан. Има ли вести за Ѓорѓи?
ДИЈАМАНДИ:
Жив е.
ЕВРИДИКА:
Добро е.
ДИЈАНАДИ:
Добро ќе биде кога ќе се врати.
ЕВРИДИКА:
Мислев да почнам да тргам по некое шејче на страна…
ДИЈАМАНДИ:
Зошто?
ЕВРИДИКА:
(Неуверливо се насмевнува) За чеиз. За кеиф.
ДИЈАМАНДИ:
С# тргнало наопаку, ти на свадби мислиш.
ЕВРИДИКА:
Нејќам да мислам на друго.
ДИЈАМАНДИ:
Машки имаме. За кого чеиз ќе правиш?
ЕВДИРИКА:
За девојчено. За Рашела.
ДИЈАМАНДИ:
За Рашела. С# почна да се врти околу таа девојка. Во куќава, околу нас, низ целиот свет…како голем вртлог околу куќава кој може да н# фати и да н# однесе сите… Да видиш што свадба тоа ќе биде.
Се појавува Панду. Ги слуша. Тие не го забележуваат.
ЕВРИДИКА:
(Студено) Што сакаш да кажеш?
ДИЈАМАНДИ:
Ќе н& затропаат на врата, ќа ја побараат неа. Потоа сите нас…Оваа куќа е веќе бележана.
Панду ја подава раката, сака да каже нешто, но го пресекува побрза реакција…
ЕВРИДИКА:
Ај замолчи, бе! Замолчи! (Тој изненадено ја погледнува) Како можеш така да зборуваш. Дрочиш тука и кукаш како злослутна птица. Ај свести се малку! Кому му е денес лесно? Мене лесно ми е? На Ѓорѓи ли, на девојката, на децата, на Панду? Па молчиме и се крепиме. Што ти е тебе, бе? Прв пат те гледам вака да попушташ.
ДИЈАМАНДИ:
Стежнало, па попуштам. Јас попуштам, ти будалееш. Чеизови сред оваа ѓурултија ми спомнуваш.
ЕВРИДИКА:
Жал ми е. За неа ми е жал. Таа нема мајка, јас немам женско. Гледам се плаши, а крие. Се плаши за браќа & во Солун, за татко & тука, за едниот мој син занесен по браниците, за Ѓорѓи со комунистите…
ДИЈАМАНДИ:
Остави го ти Ѓорѓи.
ЕВРИДИКА:
За Ѓорѓи знаеше, нели. Не лажи ме дека не знаеше. Во очите ти гледав. Порано му допушташе да оди лево-десно со нив, да им печати плакати, после немаше сила да му кажеш дека треба да запре…Со летоците го потплаќаше за да го задржиш во дуќанот.
ДИЈАМАНДИ:
Ајде престани!
ЕВРИДИКА:
Е гледаш, му кажав јас.
ДИЈАМАНДИ:
Му кажа, и што…
ЕВРИДИКА:
Му кажав и ништо. Доцна е, рече. Требаше порано.
Тој ја наведнува главата. Немоќен е.
Таа полека доаѓа до него. Тој седи со наведната глава.
ЕВРИДИКА:
Ајде ќе биде во ред.
ДИЈАМАНДИ:
Се плашам.
ЕВРИДИКА :
Од ошто бе, Манди?
ДИЈАМАНДИ:
Од сонот. Од сонот на Панду се плашам.
Тој, станува и го гаси радиото. Отсутен е. Заминува.
Влегува Панду Лавда.
ЕВРИДИКА:
Што си се расшетал ноќе, како лилјак?
ПАНДУ ЛАВДА:
Не ми се спие, сестро. Бев во дворот. Ја чувствувам водата, гргори под куќата. Скоро ќе & ја фатам жилата. Ти што правиш олку доцна. Го пасеш господин Дијаманди.
Таа го погледнува: ги чул ли, знае ли нешто?
ЕВРИДИКА:
Не го препознавам веќе. С# е позамислен, поотсутен… Има грижи дома, има грижи в дуќан. Работата лошо му тргнала.
ПАНДУ ЛАВДА:
Како дете е. Кажи му, с# ќе биде добро.
ЕВРИДИКА:
Му велам. Не сака да слуша.
ПАНДУ ЛАВДА:
(Се насмевнува) Пак кажи му, еднаш ќе те чуе.
ЕВРИДИКА:
А ќе биде ли? Ќе биде ли подобро, Панду?
ПАНДУ ЛАВДА:
Од кај да знам. Наоѓам вода, тешам луѓе. Не гледам во гравче.
ЕВРИДИКА;
Страв ми е Панду.
ПАНДУ ЛАВДА:
Од што, мори сестро?
ЕВРИДИКА:
Од с#, од с#.
Затемнување.
ЗАХАРИЕВ
Железничка станица Битола. Шишти пареата од штотуку пристигнатиот воз. Исак стои и неодредено гледа во далечината.
Се појавува Захариев, со истиот багаж и палтото со астраганска јака, како кога дојде. Исак го врти погледот кон него.
ИСАК:
Веќе си одите, господине?
Захариев подзастанува, го загледува.Продолжува.
ИСАК:
Бев тука, кога пристигнавте. Ги испраќав своите деца на пат. Вас тогаш Ве дочекуваа други, сега си одите сам.
ЗАХАРИЕВ:
Што правиш тука?
ИСАК:
А што да правам. Чекам. Дуќанот ми го затворија, шетам по паркот, потоа идам овде. Пред недела дена ми јавија дека ќе пристигнеле, со пладневниот воз од Солун. Не рекоа, само, со кој. Ги дочекав сите пладневни возови од Солун, а нив уште ги нема. Што друго останува освен да чекам.
Захариев го одмерува. Ја врти главата и си оди. Писок на локомотивата.
Исак се губи во облакот од возот што поаѓа.
Затемнување.
ЈОЗЕФ, РАШЕЛА
Двајцата љубовници. Тој & покажува една Давидовата ѕвезда.
РАШЕЛА:
Од кај ти е тоа?
ПОРУЧНИКОТ:
Ја најдов на подот. Пред некој ден.
РАШЕЛА:
Таа е моја. Се викам Рашела.
ПОРУЧНИКОТ:
Знам точно како се викаш.
РАШЕЛА:
Рашела е Еврејско име.
ПОРУЧНИКОТ: Убаво звучи. Јас сум музичар, за мене сите јазици се музика. Сите инструменти се важни. Сите имиња се исти. (Гледа во неа) Те сакам.
Се слуша писок. Од локомотива. Затемнување.
ПОСЕТА
Манди и Евридика дома.Тој замислен со домашното палто префрлено преку рамениците, срка чај. Таа шие на рака. Носи напрсток и очила…
Влегува Исак. Ја вади својата филцена шапка и за остава во рацете.
ИСАК:
Простете што доаѓам ненајавен.
ДИЈАМАНДИ:
А, Исак.
ЕВРИДИКА:
Седнете господин Исак, ќе донесам…
ИСАК:
(Ја прекинува) Драга госпоѓо, седнете. Имам нешто важно да ви кажам. Рашела е тука?
Таа го гледа. Неговата решителност ја тера да седне.
ЕВРИДИКА:
Со децата е. Отидоа по вода за пиење. До чешмата во паркот.
ИСАК:
Така е подобро. Сега да Ви го кажам она за што сум дојден. Се зборува дека наскоро ќе н# соберат и ќе не одведат некаде… На пат за кој никој не знае ништо.
ЕВРИДИКА:
Народот денес сешто зборува.
ИСАК:
Дојдов да замолам: задржите ја Рашела. Ако јас треба да заминам, нека остане барем едно од моите деца. Вие ќерка ми ја примивте како да е Ваше дете.
ЕВРИДИКА:
И јас исто го мислев господин Исак.
ДИЈАМАНДИ:
Така Исак, така.
ИСАК:
Значи се согласувате. (Тргнува да замине, а по него станува Евридика) Ве молам немојте да ме испраќате. Господ да ве благослови. Добра ноќ.
Заминува.
ЖИВОТ
Рашела е сама во собата. Одеднаш се сепнува. Ја здолгедува мајка си. Таа молчи и само тажно ја гледа.
Наеднаш се слуша музика на флејта.
Рашела станува. Се свртува кон мајка си. Неа веќе ја нема.
РАШЕЛА:
Мајко! Мајко!
Низ вратата влегува Евридика.
ЕВРИДИКА:
Смири се. Тоа е само сон. Ајде, ќерко, легни си.
РАШЕЛА:
Лошо ми е. Ми се повраќа.
ЕВРИДИКА:
Вознемирена си. С# ќе биде добро.
РАШЕЛА:
Трае со денови. Не поднесувам веќе мириси. Ми се лоши од с#.
ЕВРИДИКА:
Ти се лоши?
(Пауза)
ЕВРИДИКА:
Што чувствуваш?
РАШЕЛА:
Живот. Чувствувам живот. Овде.
ЕВРИДИКА:
Господе боже!
Се тргнува од неа. Молчи, потоа…
ЕВРИДИКА:
Кој знае за ова?
РАШЕЛА:
Никој. Само ти.
ЕВРИДИКА:
А тој?
Рашела плаче. Евридика се доближува. Ја гуштува.
Од страна ги посматра Мајката на Рашела, која крикнува. Тоа е еден драматичен, но безгласен, нем крик. Него го заменува крик на воена сирена.
ЗАМИНУВАЊЕ
Се слуша сирената.
На Прагот од куќата, пред да замине, стои Исак. Ги собира работите во еден куфер. На градите му стои Давидовата ѕвезда.
Зад него е бугарскиот Полицаец. Полека се појавува и Коев.
ПОЛИЦАЕЦОТ:
Ајде, поаѓај!
ИСАК:
Каде?
ПОЛИЦАЕЦОТ :
Не знам. Ајде, врви!
Музика.
Исак заминува. Полека. Потоа застанува.
ИСАК :
Ако дојдат децата ?
ПОЛИЦАЕЦОТ :
Кај ти се децата ?
ИСАК:
На пат.
КОЕВ:
И ти ќе одиш на пат. Може ќе се сретнете таму.
ИСАК:
Тоа е утеха?
КОЕВ:
Тоа е с#.
ПОЛИЦАЕЦОТ:
Ајде! Оди ! Побрзо!
(Музика)
Заминуваат во длабочината.
Коев ја наведнува главата.
Затемнување.
БУДНА НОЌ
Продолжува музиката.
Манди влегува во чкилаво осветлената дневна соба. На прозорецот стои Евридика во ноќница. Ѕирка надвор, под жалузините. Се врти кон него. Има стаписан изглед.
ДИЈАМАНДИ:
Ги носат. Видов од спалната.
Се појавува Тома.
ТОМА:
Што е ова? Собираат луѓе.
Влегува Димитрија.
ЕВРИДИКА:
Што правиш тука, спиј!
ДИМИТРИЈА:
Не ми се спие.
ДИЈАМАНДИ:
(Кон Димитрија) Кому, бе сине, му се спие вечерва? Вечерва сите се будни. Едни се будни по задача, другите поради несреќата што им се случува. Ние сме будни од страв. Сакам да заспијам, да го преспијам сево ова, ама око не ми се склопува. Ова е најбудната ноќ на светот.
ЕВРИДИКА:
Ако. Оди, прилегни.
ДИЈАМАНДИ:
Си велам, да одам, макар, да прилегнам, ама не ми се ни лежи. Ваму носат луѓе, цели семејства, старци и жени и деца на пат без враќање, а ти треба да лежиш и да се правиш како ништо да не се случува. Тоа, им се случува само ним. Тоа не е наша работа.
ЕВРИДИКА:
Молчи, Манди. Ќе ги рабудиш и другите.
ДИЈАМАНДИ:
Доста молчев. Ќе викам, бе, ќе пцујам.
Се појавува Панду. Стои во својата антерија. Молчи и слуша.
ДИМИТРИЈА:
(Уплашен) Немој тато!
ЕВРИДИКА:
Престани, ќе го разбудиш Германецот. Ќе стане, што ќе правиме тогаш?
ДИЈАМАНДИ:
Нека стане, ма. Нека се разбуди. Нека престане да ја сонува нивната чиста Европа. Еве му ја на, почиста не може да биде. Празна е Европа како улиците на Битола утрово.
ТОМА:
Ќе ја разбудите Рашела.
Се погледнуваат. Не помислиле на тоа.
ПАНДУ ЛАВДА:
Остави Манди. Смири се. Не можеш тука ништо. Сонував, јас, с# видов. Кутри луѓе, така им било пишано. Нивното завршува сега.
Тишина. Молачат сите.
ДИЈАМАНДИ:
А нашето? Виде ли нешто за нас?
ПАНДУ ЛАВДА:
Не можам да видам. Не ми се спие. Не ми иде сон веќе.
ДИЈАМАНДИ:
Можеби тоа н& е пишано. Да не ни иде сон. Да бидеме будни. Да гледаме како н# разнебитуваат. Да врие светот. Да се дели, да се сели, да се парчи народот…
На вратата се појаву Рашела. Облечена е. Носи мантил и куфер во раката.
Евридика ужанато ја погледнува. Сите се вртат кон девојката која немо стои.
ЕВРИДИКА:
Ти, кај си тргнала?!
РАШЕЛА:
Одам.
ТОМА:
Каде одиш?
РАШЕЛА:
Кајшто ќе одат моите. Таму ми е местото и мене.
ЕВРИДИКА:
Никаде ти нема да одиш. Друго му ветив на татко ти!
РАШЕЛА:
Поради него одам. Што ќе прави татко ми таму сам? Како ќе се справува со децата? Никогаш не сум со нив кога треба. Овој пат нема да е така.
ДИЈАМАНДИ:
Татко ти сака тука да ги дочекаш кога ќе се вратат. Да останеш со нас.
РАШЕЛА:
Ако се вратат тие, ќе се вратам со нив. Такви се овие времиња. Секој теба да е со своите.
Евридика ја гледа.
ЕВРИДИКА:
Ние што сме. Не сме свои?
РАШЕЛА:
Свои. Во туѓо време. Затоа треба да биде вака. Инаку нема да има мир никој од нас.
Евридика ја гледа втренчено. Дијаманди ја наведнува главата.
Рашела си оди.
Тома исчекорува кон Рашела, Панду го запира.
Рашела заминува.
Музика.
Затемнување
КОШМАРОТ НА БОГА
Во дворот, во отпетлата кошула и панталони од неговата војничка униформа, Рашела ја пречекува Јозеф.
ЈОЗЕФ:
Каде си тргнала?
Таа молчи.
ЈОЗЕФ:
Шели!
Таа продолжува кон капијата.
ЈОЗЕФ:
Рашела, остани. Можам да те спасам.
РАШЕЛА:
Ќе ме спасиш? Не може тоа, Јозефе. Можеш да ме спасиш од твоите. Како тогаш јас ќе се спасам од себе?
ЈОЗЕФ:
Ме сакаш ли барем малку. Никогаш не си ми кажала.
РАШЕЛА:
(Пауза. Солза. Пауза) Те засакав. Се презирав поради тоа. Но имаме премногу заедничко за да не те сакам. Господе, колку е ужасно сево ова. Оди си Франц. Те молам оди. Заборави, заборави што ти зборувам. Сево ова не лични на мене. Ништо веќе не личи на себе. Не, не, јас морам да одам.
ЈОЗЕФ:
Сакаш да одиш?
РАШЕЛА:
Не! Како не разбираш! Сакам да останам! Да бидам со тебе. Да го слушам твојот глас, да ја чувствувам твојата прегратка. Кога ме прегрнуваш, с# престанува и неизвесноста и овој ужасен страв, с# Франц!…
ЈОЗЕФ:
Остани, Шели. Ти си ми с#.
РАШЕЛА:
А јас, мислиш ли ти на мене! Мојот живот нема смисла без нив!
ЈОЗЕФ:
А без мене?
РАШЕЛА:
Без тебе? (Пауза) Тебе те носам. (Растреперена) Те носам во себе. Не, треба да одам. Морам да заминам. Збогум, Јозеф. (И’ доаѓаат солзи) Боже, колку мразам разделби.
Тргнува да оди.
ЈОЗЕФ:
Зошто не ми кажа, Рашела? Имав право да знам.
РАШЕЛА:
Знаеше с# што треба.
ЈОЗЕФ:
Знаев с# што треба. Освен дека носиш мое дете.
Таа застанува.
ЈОЗЕФ:
Ми кажа гопоѓата. Сега с# е поинаку. Не гледаш ли дека е с# поинаку. Ништо не можеме да сториме за нив. За нас можеме. Остани Рашела.
Назад, гледајќи во нив, се појавува Евридика.
Таа се подвраќа и го погалува по образот.
РАШЕЛА:
Гледаш ли Јозеф колку чудно се одвиваат нештата? С# личи на еден ужасен, светски сон. Го молев Бога, го преколнував да н# спаси. Тебе, мене, татко ми, браќата, сестра ми. Ништо. Како да е Господ глув и слеп за сево ова. Можеби спие. Ако е така, спие длабоко. И го сонува овој наш ужасен сон. Што сме ние? Жртви. Во кошмарот на светот. Жртви во еден страшен сон во кој нема место ни за малку љубов. Гледај што станува со нас. Носам твое дете. Дете на еден Германец што го сакам колку и себе си. Во божјиот кошмар, Јозеф јас станувам жртва, а во себе носам и дете на љубовта и одмазда. Не знам што бараме ние во кошмарот на Бога. Знам само дека таму не сакам да бидам. Ако има излез, Јозеф, тој е онаму, надвор. Колку и да е тоа страшно. Жал ми е, жал ми е, Јозеф…
Брзо заминува.
ЈОЗЕФ:
Рашела! Рашела!!!
Евридика се повлекува.
Затемнување.
ПЕШТЕРА
На она место на кое ја оставивем, продолжува сцената со Исак и бугарскиот Полицаец. Чекорат кон длабочината, влегуваат и се губат во темницата на Спилионот.
Нешто потоа, Рашела тргнува по истиот пат. Ги бара. Ја пречекува и ја потерува напред бугарскиот Полицаец.
Се појавува Фидан со кантата за млеко што, запрепастен од глетката, ја остава на земја
ФИДАН:
Рашела! Рашела!
Таа се врти кон него. Тој трча до неа. Ја прегрнува. Доаѓа бугарскиот Полицаец. Ги раздвојува, ги разделува со пушката, а него го оттурнува. Фидан го извикува нејзиното име, но музиката кулминира и тоа не се слуша. Фидан е на земја. Рашела се губи во пештерата. Бугарскиот Полицаец пука во него.
Фидан паѓа. Умира.
С# личи на драматично магновение, на ужасен кошмарен сон.
Наеднаш, од длабочината на Пештерата, како од самата утроба на земјата, почнува да прска чудна светлина. Почнува да дува ветер, еден силен подземен провев.
Се појавува Ѓорѓи. Ги фрла летоците што профевот ги дува и ги разнесува. Се појавува Јозеф. Свири на виолина. Трча бугарскиот Полицаец. Излегуваат ѕвезди од пештерата. Кулминира фантасмагоријата на кошмарот, магновението на поместената ноќ.
Нешто потоа бликаат, нестварни светлини, и почнуваат да се исфрлаат ѕвезди од внатре. Нестварна, апокалиптична глетка. Како во сонот на Панду. Музиката кулминира и полека папсува.
ЗАТВОРЕН КРУГ
Како во претходната сцена. Сите.
ПАНДУ ЛАВДА:
Ми се оди. Ми се оди за Америка. Сакам да одам во чикаго. Да пушам томпуз и да пијам ракија.
ЕВРИДИКА:
Само за одење зборувате. Само надвор ви е умот. И кога не мрдате никаде, заминати сте од дома.Ќе се врати ли бре, некому, умот во оваа куќа?
ПАНДУ ЛАВДА:
Поарен ли е денес мажот ти?
ЕВРИДИКА:
Исто. Лежи, мисли, молчи. Се обвинува за с#.
ПАНДУ ЛАВДА:
Не треба да се обвинува. Нека работи.
ЕВРИДИКА:
Не му се работи. Не сака веќе да оди на дуќан.
ПАНДУ ЛАВДА:
Да одам јас?
ЕВРДИКА:
Што бараш ти таму? Отиде Тома. Ќе работи, рече, на местото од брат му.
ПАНДУ ЛАВДА:
Порасна и тој. Како вчера да беше кога го учев коледарски песни.
ЕВРИДИКА:
Порасна, што да прави.
ПАНДУ ЛАВДА:
Знаеш дека пуши?
ЕВРИДИКА:
Пуши, што да прави. Го има дуќанот, татко му, сите нас врз плеќите. Мала грижа ли е тоа?
ПАНДУ ЛАВДА:
Има ли вести од Ѓорѓи?
ЕВРИДИКА:
Жив е, фала Богу.
ПАНДУ ЛАВДА:
Добро е.
ЕВРИДИКА:
Добро ќе биде кога ќе се врати. Ти најде ли вода?
ПАНДУ ЛАВДА:
Барам нова жила. Старата се изгуби.
ЕВРИДИКА:
Нели ја слушаше како жубори? Нели & беше на трагата?
ПАНДУ ЛАВДА:
Залудно, сестро, жуборела. Ја слушав, како не ја слушав. За сето време ми велеше дека е тука, близу, на дофат. А пак не можев да ја најдам. Како не го разбрав тоа. Негде во дворов се отвори процеп, се појави стерна. Се отвори пештера. Истекла водата во неа. Треба да внимаваме, да не се прошири, да не се поткопа куќата. Да не ни се лизне домот во пештерата. На овој свет без вода и без дом не се може. Колку за водата, ќе топиш усни, ќе жеднееш, може ќе издржиш. Ама што ќе правиш, душо, на дуњава ти без дом?
Сноп светлина на сцената го осветлува Димитрија, 7-годишно дете, со уредно исчешлана коса, во сиви панталончиња со платка. Во рацете Спилон, макета од пештерата на Христовото рождество.
Почнува да врне свег.
ДИМИТРИЈА (off, детски глас):
“ ОД СИТЕ ПРАЗНИЦИ НАЈМНОГУ ГО САКАМ БОЖИК. НА БОЖИК СИТЕ СМЕ ДОБРИ. ПАНДУ ВЕЌЕ НЕ СЕ ЗАДЕВА. НИЕ НЕ ПРАВИМЕ БЕЉИ, ЗА ДА НЕ ЈА ВОЗНЕМИРУВАМЕ МАМА. МАМА ВЕЌЕ НЕ СЕ НАСМЕВНУВА И МОЛЧИ, КАКО НЕКОГАШ ТАТО, ОСОБЕНО КОГА ПОНЕКОЈ ПАТ ЈАС ЌЕ ЈА ПРАШАМ КАДЕ Е БРАТ МИ ЃОРЃИ. ЈАС ПОРАСНАВ И НЕ МИ СЕ ОДИ НА КОЛЕДЕ. НА БОЖИК ВЕЌЕ НЕ ЧЕКАМ ВЕЛОСИПЕД, ЗАШТО БРАТ МИ ТОМА ВЕЛИ ДЕКА, АКО СЕ ЛАЖЕМЕ, ТРЕБА ДА СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МНОГУ ПОГОЛЕМИ НЕШТА. СЕПАК, БОЖИК Е УБАВ ПРАЗНИК. УБАВ Е ЗАШТО ТОГАШ ПРАВИМЕ СПИЛИОНИ.
ДИМИТРИЈА: (во живо)
СПИЛИОНИТЕ НЕ’ ПОТСЕТУВААТ КАКО НЕКОГАШ ВЕРУВАВМЕ ДЕКА ВО НИВ ЖИВЕЕ НАШИОТ СПАСИТЕЛ.
(Музика.)
Од длабочината на Спилонот, с# посилно почнува да заплискнува една студена, виолетова светлина.
Додека на едната страна стои, стаписано, семејството на Евридика…загледано некаде напред.
Почнува да врне снег.
Од спилионот полека, еден по еден, како да се промолкнале во некој, виолетно обоен свет, се појавуваат децата, Исак, Рашела и мајка &. Загледани пред себе, во некој свој неодреден правец. Исто како и семејството на Евридика. Зад кое, одзади, дискретно се појавува и Дијаманди.
Стојат така. Две семејства. Две блиски судбини. Два одвоени света.
А сите – барем така – заедно, на број.
К р а ј
******
НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА
Директор
Љупчо Ѓорѓиевски
Сезона 2003.
ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ
С п и л и о н и
Драма
Режија:
Димитрие Османли
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Миодраг Неќак
Светло: Димче Спасевски
Л И Ц А |
Рашела, девојка на 18 години, Еврејка од Битола
Валентина Грамосли
Дијаманди, книжар
Михајло Петровски
Евридика, негова сопруга
Јоана Поповска
Ѓорѓи, нивен син, најстар брат
Сашо Огненовски
Тома, средниот син
Мартин Мирчевски
Димитрија, најмалиот син
Томислав Карајанов
Панду Лавда, брат на Евридика, нивен вујко
Петар Мирчевски
Фидан, пријател и врсник на Ѓорѓи
Душко Јовановиќ
Поручникот, Јозеф Враницки, музичар, Австриец
Петар Горко
Коев, комесар, полицаец
Слободан Степановски
Иван Захариев, делегат на државниот Комесаријат за еврејски прашања
Борис Чоревски
Јосиф, од новиот завет/Исак,
чевлар, татко на Рашела
Сребре Ѓаковски
Богородица/Мајка, на Рашела, сенка
Радојка Димеска
Полицаец, бугарски
Мирослав Лазаревски
Тројцата мудреци, новозаветни ликови
Брат, на Рашела
Две сестри, на Рашела
Инспициент: Мирослав Лазаревски
Суфлер: Радојка Димеска
Дејствието се случува во Битола,
во очи и за време на Втората светска војна
_____________________________________________
Божествени Спилиони,
Историски Пештери
и Човечки Стерни
Во моето семејство често се прераскажувала приказната за Рашела. Дури, толку одамна, што долго време мислев дека таа – постојано велеа, тивка девојка со бисти, темни очи, на која втората генерација дури не & го знаеше ниту презимето – е некоја наша роднина, една од оние со тажни судбини на кои семејствата често знаат да им се навраќаат во мигови на колективни носталгии и сентимени. Дури и подоцна, кога разбрав дека Рашела не била роднина, туку девојка што помагала дома кај нас, приказната ја паметев повеќе како дел од домашната атмосфера, одошто како настан што во себе крие предупредувачки значења. За Рашела паметев дека имала неполни 18 години, и очи полни со надежи и младешки сни, прекинати во военото време, само и единствено зашто била од друга вера и од друга националност…
Толку.
Како и секое дете во она време, бев преокупиран со други нешта. На пример, со пресметувањето колку години ќе имам на почетокот на новиот, иден век и милениум, и што чуда тогаш ќе видиме и ќе доживееме. Такво беше тогаш времето: инфицирано од иднина; беше тоа по лансирањато на “Спутник”, потоа и на “Аполо”, по трстјанските шушкавци, црно-белите телевизори од ЕИ Ниш и RIZ Загреб, и сингл плочите на “Битлси” и “Стоунси” донесени директно од Лондон, во една голема земја во која, велеа, не било важно кој си, од каде си, и од која се ислегуваше с# полесно, иако надвор се остануваше тешко.
И тажната приказна за Рашела, бездруго ќе останеше дел од семејната раскажувачка традиција со траорни примеси на приказните за еврејските страдања кои, помалку или повеќе, личат една на другата, да не се случеше – токму на праговите од еден нов милениумски почеток – и 1999-та и 2001-та – непредвидливите ќуди на балканската историја, нејзиното налудничаво тркало да го свртат цели шеесет години наназад, и ние – се испостави, одново – да живееме тревожни приказни за разбудената омраза меѓу верите и страдањата меѓу народите.
Од каде дојдоа тие темни води што ги потопија, дел по дел, просторите – дали само од моето надежно детство – како во некоја полуисполнета апокалиптична гротеска? Бездруго токму од таму, од таа неизвесна гротта, од таа самрачна пештера на историјата, од понорите на мрачното минато. Во грозоморната иднина што не можевме да ја замислиме, во која мислевме дека темните отвори на историјата се дефинитивно закопани, и дека ние газиме по едно ново и цврсто тло, конечно излезени од пештерите на минатото, се случија нови потреси што под нас ги отворија старите јами.
Одново, ете, се случува, во ова тло, под поединците, под семејствата и под цели народи да се отвораат стерните на неизвеноста.
Тогаш ликот и тревожната, толку пати слушана приказна за Рашела, таа невина жртва на обесчовечениот идеологизам, ми избликнаа во свеста сами од себе. Тие во себе ги содржат старите прашања и дилеми што беа благородно запретани во мојот сопствен и бездруго во нашиот колективен заборав: Дали обновата на омразите меѓу припадниците на верите и народите е судбина и предодреденост, или само несреќен случај во ќудливата игра на историјата? Дали одново се буди дилемата – што е всушност националната припадност: квалитет или фатум? Како да се човекува на одново трусното, преетнифицирано Балканско тло? Дали границата на идентитетот е почитувањето, или газењето на туѓиот идентитет? И конечно, дали пештерата во која одново се најдовме и која е нашата обновена судбинска метафора, навестува драми, човечки жртви и јами, или – сепак – еден надежен Спилион на спасот?…
Оттука, впрочем, и насловот на драмата, метафората на Спилионот, на Пештерата на Христовото рождество. Но и на пештерата на човечките страдања и смрт, зашто – како што и ќе рече еден од ликовите не успевајќи еднозначно да го протолкува значењето на сонот врзан за Спилионот: “Ристос во Пештера е роден, ама во пештера е и погребан”.
Томислав Османли
_____________________________________________
Мултинационалата на човечкото страдање
Иако е раскажана низ една еврејска тема, низ една холокауст-приказна, “Спилиони” се всушност универзална драма за човечките судбини во времето на војната.
На тој пат во кој се релативизираат, се иронизираат и се ирационализираат национализмот и шовинизмот како првични идеолошки подготовки за воените страдања, “Спилиони” започнуваат како идилична слика една питома, граѓанска мулти-национала од ликови, толку типична за Македонија и толку особена за Битола од тоа време. Во драмата се појавуваат Македонци, Евреи, Власи, Бугарин еден Австриец, униформи и цивили, леви и десни, различни генерации, граѓани и чудотворци, ликови од животот и од фикцијата, и над сe – една Девојка и една љубов во тревожно време…
Не е случајно што токму Битола од тој период, со сиот богат колорит и драмски потенцијал што го содржи овој историски клучен и особен градски амбиент, се фокусира како место на драмските случувања. Дејствието се случува во две, етнички разнородни семејства над кои се прекршуваат лажните идеологии и вистинските љубови и страдања.
Со проблемите и прашањата што ги покренува, од тоа време до времето денешно, оваа претстава сака да предизвикува впечатливи споредби и да крене актуелни драмски вертикали, но едновремено и да се задлабочи во животот, да ги препознае неговите својства да вкуси од неговите сокови, да оствари атмосфери, да наслика живи карактери, да предизвика замолк, но и смеа онаму кадешто тоа спилонската приказна на историјата го бара.
Анимирајќи суштествени цивилизациски (јудејски и христијански) митови и симболи, и мултинационална галерија од ликови, претставата се обидува, низ приказната за животно зреење на една девојка, за драмата навлезена во едно семејство и за холокаустот на еден и неизвесноста наметната над другите етникуми на нашиве простори, да фрли светлина врз благородните Спилиони на човечката солидарност помеѓу народите здружени на едно место како Светото семејство во пештерата на Рождеството, но и да проговори за етничките и верски стерни отворени под тлото на Балканот и на Македонија.
Со други зборови, оваа претстава не е етно-драма посветена во прв ред на еврејското, но и на било кое етничко страдање или трагичен бит; таа е обид да се ослика мултинационалата на човечкото страдање во трагичните услови на војната. Војната унесреќува на многу начини. Еден од нив, особено овде, на Балканов, е насилното сведување на живиот, разнороден колорит, секогаш на една трагична, униформна димензија.
Без оглед што под таа униформност се подразбира.
Тоа искуство, на овие простори има свои стари, за жал и најсвежи траги.
Димитрие Османли
Фрагменти од Спилиони Пиесата е работена според мотивате На македонски, англиски, српски/хрватски и полски – на Интернет СОН (…) ПАНДУ ЛАВДА: Влегува таткото со весник под мишка и полн зембил во раката. ДИЈАМАНДИ: ЕВРИДИКА: ПАНДУ: ДИЈАМАНДИ: Евридика му приоѓа и му го зема зембилот. Го носи и излегува. Панду му го зема весникот. ПАНДУ: ДИЈАМАНДИ: Евридика се враќа. ПАНДУ: ДИЈАМАНДИ: ЕВРИДИКА: ДИЈАМАНДИ: ЕВРИДИКА: Дијаманди задоволен излегува. ТОМА: Никој не му обрнува внимание. Мајката му приоѓа на брата си. ЕВРИДИКА: ПАНДУ ЛАВДА: ЕВРИДИКА : Влегува Ѓорѓи и ги слуша. ПАНДУ ЛАВДА : ЕВРИДИКА: ПАНДУ ЛАВДА: ТОМА: ЕВРИДИКА: ТОМА : ЃОРЃИ: ЕВРИДИКА : ПАНДУ ЛАВДА: ЕВРИДИКА: ПАНДУ АВДА: ЕВРИДИКА: ПАНДУ: Евридика стои стаписано. Ѓорѓи е вслушан, Тома, вџашен. (Фрагмент од претставата) CALDU DU GAJINA (…) Квечерина. Ѓорѓи музицира на виолина. Свири романтична мелодија. Во домот владее пријатна, релаксирана атмосфера. Се појавува Рашела со филџан чај во рацете. Го остава чајот пред Тома и го држи за челото како да му проверува температура. Потоа се вслушува во музиката. На масата седи и Дијаманди, исто вслушан во музиката на син му. Тома, пак, е загледан во татака си. Полека го турнува филџанот од себе и го мести чајот пред него. Дијаманди воздивнува, го намирисува чајот и несвесно го крева филџанот за да се напие. ПАНДУ ЛАВДА: РАШЕЛА: ДИЈАМАНДИ: ТОМА: ДИЈАМАНДИ: ПАНДУ ЛАВДА: ДИЈАМАНДИ: ПАНДУ ЛАВДА: ТОМА: ПАНДУ ЛАВДА: ДИЈАМАНДИ: ПАНДУ ЛАВДА: ТОМА: ПАНДУ ЛАВДА: ЕВРИДИКА: ПАНДУ ЛАВДА: На вратата се појавува поручникот во униформа на Вермахтот. Во раката држи парче хартија. (фрагмент од претставата) СУКОТ Свртен со грб кон публиката, во колипката од која претходно беше Спилион, а сега Сука, седи Исак. Зад него заблеснува ѕвездениот свод. Исак нешто мрмори. РАШЕЛА: Исак се подзавртува за да го констатира нејзиното доаѓање, се поднасмевнува, не & одговара директно, а потоа… ИСАК: РАШЕЛА: ИСАК; РАШЕЛА: ИСКА: РАШЕЛА: ИСАК: РАШЕЛА: ИСАК: (…) (фрагмент од претставата) |
Миодраг Неќак
Caverns
A play by Tomislav Osmanli
Characters:
Rachel, 18 years old, a Jewish girl from the town of Bitola
Dimitri, 5 years old, a Vlach[1] boy from the town of Bitola
Thomas, 14 years old, Dimitri’s older brother
George, 20 years old, Dimitri’s eldest brother
Eurydice, Dimitri’s mother
Diamandi, Dimitri’s father
Pandu, Eurydice’s brother
Fidan, 20 years old, George’s friend
The Colonel, Josef Vranicki, an officer with the occupying Nazi German army and musician by trade
The Commissary, Mr. Koev, a police officer with the occupying Fascist Bulgarian forces
Ivan Zachariev, Delegate of the Bulgarian State Commissariat for Jewish affairs
Joseph, from the New Testament/ Isaac, Rachel’s father and a shoemaker by trade
The Madonna/Rachel’s mother, a shadow
The 3 Magi, from the New Testament
Rachel’s 2 brothers
Rachel’s sister
Bulgarian Policeman
The drama takes place in Bitola, Macedonia before and during World War II.
Immediately before the beginning of World War II
Christmas Cavern
A star-spangled sky evening sky in the background, Christmas carols are heard in the distance
A gleam of light shines upon Dimitri, a 5 year-old boy with neatly combed hair, wearing grey short slacks
It is snowing.
Dimitri holds a little wooden box in his hands.
Dimitri: (off) Of all holidays, Christmas is my favorite. On Christmas we all seem to be doing well. I go caroling and even my brothers are behaving well. My older brother takes me to the movies and my oldest brother stays at home and plays the violin. Mother smiles and father argues with uncle Pandu. Father says that uncle Pandu is a good-for-nothing old bachelor who shouldn’t even be living with us. Father promised he would buy me a bicycle for Christmas. No one scolds me or spanks me on Christmas – even if I misbehave. That’s why Christmas is a holiday of love.
Dimitri: (live) I love Christmas because we make little caverns like the one in which our savior is born.
The boy flips the box open to reveal a miniature cavern depicting the nativity scene.
(Music)
Suddenly, in the background, a life-size cavern appears depicting the living characters of the nativity scene: Mary, Joseph, and the cradle of baby Jesus.
The 3 Magi appear; they bow and kneel obediently in front of the cradle. The Eastern star appears in the sky.
The scene is reminiscent of a grandiose medieval painting of the nativity.
Dimitri smiles as if the wooden characters of his miniature nativity scene have come alive in his hands.
Mary and Joseph turn toward the audience. They are gazing with grave, direct, and somewhat compassionate expressions.
Mary screams. Her scream is muted. Her expression is dramatic.
The music reaches crescendo.
The Eastern Star begins to fade, and the life-sized nativity depiction disappears completely in the fading light.
East
George and Thomas are playing marbles. Thomas is singing a Christmas carol.
Thomas: (singing) “…And to their knees they fell, and prayed to the Lord…” Come on George! It’s your turn to play!
George throws the marbles in the air. He can hear the carolers outside. He starts singing along.
George: (singing) “…Si-lent night, Hol-ly night…” I’m sorry kid; you just have to learn how to play better.
Thomas: What?! You think you can cheat just because I’m younger.
George: Here, take back your marbles; just please stop crying.
Thomas: (calms down and starts counting his marbles) So, how about another game then?
Pandu enters the room.
Pandu: There is no second chance kid. Life gives you only one. You hear that. You only get one chance to do anything.
George: That’s not true uncle! (Citing a Latin saying) ‘Repeating is the mother of all learning’.
Pandu: Only school dropouts that repeat grades say that. George, you only get one chance in real life. I had it – and I never used it. Who’s to blame for that? And to think I would have been in America today…Drinking grape brandy in Chicago.
George: They don’t drink grape brandy in Chicago.
Pandu: And what do you know about that? Of course they do. Do you think they drink water in the bars in America?
Thomas: If they don’t, then what would you do there uncle? All you do is look for water in old wells.
Pandu: I would have enjoyed myself nevertheless kid, and people would have paid me good money to look for well-water over there. I wouldn’t be what I am now – an old bachelor. I would have raised my own kids. Grateful kids – unlike you!
Eurydice enters the room wearing a shawl around her shoulders. Her face is red from the blistering cold outside. She is carrying a basked full of walnuts, pomegranates, and apples. She shakes off the snow from her shawl.
Eurydice: This year we’ve had more carolers than ever before. It’s a sin to send them empty-handed from your door…Poor children, singing carols in this awful weather.
Thomas: (preoccupied with his game) You sound like a broken record – you keep repeating the same thing every year.
Eurydice: What?!
Pandu: He is right Eurydice. You are like a broken record. You keep repeating the same thing every year.
Thomas; I wasn’t speaking to mom, I was speaking to you uncle Pandu.
Eurydice: Let me guess – he was talking about America again?
Pandu: (sighs) Had I only left in time…I wouldn’t be dealing with the likes of you now.
Eurydice: What’s wrong with your life with us? We are your family are we not?
Pandu: That is precisely why I should have left. Even the winters aren’t as cold in America. There are no wars there, people die of natural causes, and even their songs aren’t as sad as our songs. Yet…I chose to stay.
George: If you were to ask me, the future is to the East, with Soviet Russia – not with your Americans.
Pandu: Huh, some future that is…I swear to God, I should have just packed up and left…
Eurydice: (condescendingly) Sure you should have dear…
Pandu: (mimicking) “Sure you should have dear.” Even if I didn’t! I will wait for them here.
Thomas: Wait for whom?
Pandu: The Americans, kid.
George: Ri-ight. And they will come when the pigs fly.
Eurydice: (Interrupting them) Enough of this. It’s Christmas, and I will hear no more bickering in this house.
Pandu: Oh I see! Should we be extra pious then? As far as I’m concerned, Christmas dinner is the only thing worth celebrating these days. Speaking of which, what are we having?
Eurydice: You will find out when the master of the house returns, Pandu.
Pandu: Fine with me. How about a drink while we are waiting for his majesty.
Eurydice: You are like a child Pandu, and I already have three. Do you want an apple?
Pandu: Oh my, you finally offered your brother something.
Eurydice: (smiles) Yes, but only if you sing us a carol.
Pandu: Me? Sing?! You must have lost your mind woman.
George: Then how come you taught us all those carols last year?
Thomas. Yes! And then you asked us for a share of our Christmas gifts.
Pandu: Quiet! You should be ashamed. You are almost full grown men and you are still playing marbles.
Thomas: Hey! Since when do YOU care what I do?
Pandu: I always have, just like I noticed that you are looking at girls now.
Thomas: (angrily) What are you talking about?
Eurydice: Thomas! That’s no way to speak to your uncle. Silence!
Thomas: But didn’t you hear what he said, Mother?
George: Big deal. Who cares what Pandu says anyways? He is just an instigator.
Thomas: Let’s continue our game George.
Pandu: Oh, I see…an instigator. That’s a big word for you George. Eurydice, I think we have a wise guy in this house…And do you know where George gets his newfound “wisdom” Eurydice? From all of those foreign books on politics he’s been reading. You know of what I speak, don’t you George?
George drops the marbles.
George: They are foreign Pandu, because they haven’t been published here yet.
Pandu: Of course they haven’t. Who could finance such an endeavor – the Russians?
George: I’m really sick of him Mom.
George storms out of the room.
Thomas: Did you see that Mom? Pandu ruined our game.
Eurydice: (Towards Pandu) I don’t want to hear any more Pandu.
Pandu: You might not, but the rest of the town is starting to talk about it.
Eurydice: Stop it!
Pause
Pandu: Fine, madam. I will change the topic. I’ll even sing for you (glances at Thomas), but only for you, my dear sister.
Pandu starts singing a grotesque version of Silent Night as he stands up and pours himself a glass of brandy.
Diamandi enters the room with a newspaper in one and a grocery bag in the other hand.
Diamandi: Isn’t it a bit early for a drink Pandu? (Turns toward Eurydice) Has George returned from the store yet?
Eurydice: He has.
Pandu: You know, I didn’t sleep well at all last night. I had a really bad dream…
Diamandi: Again? Do you ever have a good dream?
Eurydice takes the grocery bag from his hand and Pandu slips the newspaper out of his other hand.
Pandu: I don’t. Not in these dark times. Look at what’s happening all around us. You don’t listen to the radio; you don’t even read the newspapers. Do you know what I dreamt of?
Diamandi: I don’t really care about your dreams Pandu. I have enough problems of my own. I work from dusk till dawn. I don’t have time to listen to other people’s bad dreams. (Toward Eurydice) Where are my pants Eurydice?
Eurydice: In the bedroom. I’ll bring them out right away.
Diamandi: Never mind, I’ll just change there. Is dinner ready?
Eurydice: It’s almost done.
Diamandi leaves the room.
I don’t know about you, but I’m starving.
No one pays him any heed. Eurydice approaches Pandu.
Eurydice: (Quietly) what did you see in your dream Pandu?
Pandu: I saw a cavern sister.
Eurydice: A cavern?
George enters the room.
Pandu: It was so great, and had many people in front of it, huddled like insects. Out of the cavern stars sprang out like fireworks and lit up the night sky which looked like a dark ocean. Then, a strange gleam came out of the cavern. Suddenly, a great shadow appeared and began to grow out of the mouth of the cavern. “The savior” cried the people in front of the cave. “He is coming to separate the righteous from the sinners” they said…
Eurydice: Did he come out?
Pandu: He stopped at the very the mouth of the cavern so that only his terrifying shadow could be seen in front of the cavern.
Thomas: You are scaring me Pandu! Stop it!
Eurydice: Thomas! You should be ashamed talking like that to your uncle.
George: Shouldn’t Pandu be ashamed of scaring little children with his dreams about caverns?
Eurydice: That didn’t sound just like any cavern. You dream gave me shivers Pandu. Was that all?
Pandu: …Suddenly, some power, some strong wind started pushing the people toward the mouth of the cavern…
Eurydice: A cavern, you say. I wonder what that means.
Pandu: Who knows…Jesus was born in a cave…and buried in one.
Eurydice: That was a real nightmare Pandu. Stars coming from underground and dark waters in the sky…It’s as though the world has turned upside down.
Pandu: …The people were trying to fight the wind, but to no avail. It finally pushed them all into the mouth of the bottomless cave…
Eurydice looks staggered, George is listening attentively, and Thomas looks scared. Suddenly Diamandi enters the room wearing a robe and slippers.
Diamandi: …And of course, you were the only one spared.
Pandu: I did not see the end – I woke up.
Diamandi: (In a joking manner, having noticed the scared look on Thomas’ face) Boohoo, I’m so scared. Look at me, I’m shivering all over. Come Thomas; pay no heed to Pandu’s dreams. Go to the pump and wash your hands – it’s time for dinner.
Thomas leaves the room. Everyone walks to the table.
Eurydice: Dinner’s ready. Diamandi, will the priest join us tomorrow?
Diamandi: Isaac will come tomorrow…not the priest.
Eurydice: Isaac who?
George: The Jew?
Diamandi: Isaac the shoemaker, son…our neighbor. If you spent more time in the store you might have learned that faith is not something we classify people by.
Pandu: Yes, you only classify them by wealth.
Diamandi: (Ignoring Pandu, turns towards Eurydice) He’ll bring his daughter. She’ll be helping you around the house from now on.
Eurydice: You know I can manage the house by myself Pandu.
Diamandi: I promised him Eurydice. His store is not doing too well these days, and he has fallen on some hard times. He feeds many mouths in his house.
Pandu: Who told you that?
Diamandi: No one needs to tell me that Pandu! I’ve know Isaac for many years. My bookstore is right next to his shoe store. He is a good and an honest man.
Eurydice: As you command Diamandi.
Diamandi: Children, help your mother set the table. Today is a holiday, and our table doesn’t look it.
Thomas enters the room wiping his wet hands from his pants.
Thomas: George, Fidan is outside. He said he wants to see you.
Eurydice: George, tell your friend that he cannot see you now.
George pierces Eurydice with a sharp glance and runs out of the room.
Eurydice: It’s dinner time George!
George has already left. Eurydice glances at Pandu, as he is trying to stop himself from laughing. Diamandi is looking out the window.
Diamandi: It’s already getting dark earlier.
Little Dimitri enters the room with a bag full of gifts that he has collected caroling in front of other people’s houses. He looks content.
Night before Sabbath
A star spangled sky appears in the background. Rachel appears carrying a pitcher of Sabbath kosher wine in one hand and an empty glass in the other one. A faint Sephardic melody is playing in the background.
Rachel: (off) On Friday night, when the first stars appear in the sky, the Sabbath begins. I love the Sabbath because that is the day when all of us get together: father, my brothers, and my sister. Only mother is not there. I miss her. I dreamt about her again last night. She told me that there would be no wine for the Sabbath. “Go” said she, “And buy Vino de Shabat. Remember; buy only kosher wine from Aharon Alboher or Yehuda Testa. If they have none you may go to Avraham Nisan. “(Pours some wine into the glass) Yes, we are all together for the Sabbath: father after he returns from the synagogue, my younger sister and brothers who wait for him…and mother who – even though no one mentions it – is always present among us.
A gleam of light reveals Isaac on the other side of the scene, standing next to a table, set for the Sabbath ritual. He takes out a box of matches from his pocket and lights up the Sabbath candles. He is wearing a tallit and a kippot. Rachel’s younger siblings are standing beside him. Rachel approaches him carrying the wine pitcher.
Rachel: Buenas noches di Shabat padri!
The music amplifies. Isaac directs Rachel to the ritual table and covers her head with a white shawl. Rachel’s youngest brother is holding the ritual candles as high as his small arms can reach. Rachel sets the pitcher on the table next to the Besamin box and the loaf of Challah. Isaac conducts the traditional blessings of the Sabbath ritual and completes the ceremony.
Rachel: Benedeta noches di Shabat!
Isaac gives his son a hug and then uncovers Rachel’s head to reveal her beautiful long dark hair. He kisses Rachel on the head. Hr siblings and her father leave the room. Rachel is all alone again.
Rachel: (Quietly) Buen Shabat madri!
The figure of her mother appears in a faint light behind her. Rachel cannot see her. Her mother covers her face in a muted crying gesture. The lights go out.
[1] Vlachs are a small Balkan minority persecuted alongside Jews and Roma in WWII by fascist forces on the grounds of being “racially impure”