Новости

„Стрип – Деветтата уменост“

ВО ИЗДАНИЕ НА „БЕГЕМОТ“ ОД СКОПЈЕ 

                              Објавена студијата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли                 Книгоиздателството „Бегемот“ ја издаде книгата „Стрип – Деветтата уметност“, капитална теоретска објава посветена на медиумот, уметничкото творештво, општествените влијанија и естетиката на стрипот.  Книгата претставува ново, изменето и опсежно, речиси двојно дополнето издание на првата македонска теоретска книга во доменот на „деветтата уметност“, првично  објавена под насловот „Стрип – запис со човечки лик“, најнапред во 1987 година (на 133 страници, во издание на „Млад борец“, Скопје), потоа и во 2002 година (со 199 страници, во издание на „Култура“, Скопје) и сега, со голем број нови теми, содржини и илустрации, на 346 страници текст и слики. Со тоа се дополнува празнината која настапи по веќе дамнешното исцрпување на оваа книга за која не престанува интересот меѓу генерациите автори, проследувачи и љубители на деветтата уметност.

                Студијата на Османли која феноменот на стрипот го разгледува „од развојот на медиумот до актуелната идеологија и типографија на деветтата уметност“, го носи теоретскиот поднаслов „Антропоморфизмот на стрипот“, според тезата на овој наш автор, дека стрипот е фигуративен и како таков – антропоморфен медиум и уметност. Томислав Османли нив подробно ги претставува во воведниот теоретски текст на својата книга насловен „Белешки за медиумската еманципација на стрипот: Пледоаје за современиот стрип“, низ 17 тези извлекувајќи мноштво релевантни теоретски заклучоци за карактерот и својствата на стрипот како медиум и како уметност. На трагата од овие свои постулати, Османли ги истражува медиумските граничници и експериментални стрипови и отаде „човекообраната фигурација“, во стрип-творбите што се стремат да донесат „чисто графичка динамика“ на непредметни или апстрактни форми…             

                Појава на студијата за стрипот, легендарниот стрип автор, карикатурист и аниматор Дарко Марковиќ ја означи на следниот начин: „Ако досегашните дострели во истражувањето на стрипот кај нас ги означиме со восочна свеќа, тогаш истражувањата на Османли претставуваат ласерски зрак во оваа област…“. Појавата на оваа книга ја акцентира и теоретичарот и историчар на уметноста Проф. Д-р Борис Петковски: „Томислав Османли грижливо ги разгледува проблемите на временската, просторната и динамичка компонента на безбројните обиди, човековата мисловност да се овековечи во различните форми на ликовно-визуелното искажување, сѐ до филмот и фотографијата: за потоа да посочи дека, веќе од мугрите на стрипот, на ‘деветтата уметност’, сите белези што него го одликуваат се воедно и врсници со други инструменти на денешната цивилизација…“. При промоцијата на нејзиното прво издание,  со највисоки оценки за теоретскиот труд, книгата ја проследи и Проф. Д-р Ферид Мухиќ, ако и други автори меѓу кои во најново време, најбележито, стрип авторот, истражувач и историчар на стрипот Александар Стеванов.

                Студијата „Стрип – запис со човечки лик“ доживеа надворешни афирмации: беше прогласена за книга на годината според изборот на сараевскиот неделник „Наши дани“, а втор настан во годината на нејзината појава (1987) на југословенската стрип сцена. Таа стана неодминлив наслов во сите порелевантни објави на значајни наслови на поранешниот југословенски простор, а нејзината појава ја регистрираа повеќе информативни гласила низ регионот. За овој свој пионерски и капитален труд, авторот Томислав Османли доби две високи признанија: државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за публицистика во 2004; и „Признание ’Љупчо Филипов’ “ на Стрип центарот на Македонија, за особени заслуги во афирмацијата на стрип културата и уметноста во Република Македонија“, во 2009 година.  

                Новото проширено издание се појавува под новиот наслов „Стрип – деветтата уметност“ носи квалитети на сосем нова објава: авторот покрај додатоците и елаборациите во сите содржини, воведува едно сосем ново опсежно и богато обработено теоретско поглавје „Стрип и ангажман“ во кое, врз голем број примери на стрип творби, го разгледува поимот на политичките дејство на деветтата уметност. Освен тоа Османли, инаку автор на хрониката на македонскиот стрип од неговите почетоци сѐ до оваа негова деветта декада, опсежно ги  дополнува содржините на порано застапените стрип дејци, како и листата на автори на деветта уметност од поново време. При тоа, сообразно со ширењето на графичката уметност на други, но сродни домени, го одбележува творештвото на стрит-арт на побележитите од плејадата македонски графити-артисти. Книгата содржи и детален индекс на објавите на и за стрипот како и на стрип изложбите на нашите стрип автори.

                Авторот на поговорот кон ова издание, стрип-авторот Александар Стеванов во својот вдахновен текст истакнува: „ …Со квалитетот кој ги надминува границите на нашата земја, во оваа импресивна студија за уметноста на приказните во слики, чие што објавување со нетрпение го очекував, верувам дека би уживал секој еден стрипољубец. Впрочем, моја цврста убеденост е дека нејзиното објавување ќе биде прибележано како најзначајниот македонски стриповски настан и тоа не само на оваа туку и на претстојните години, барем од неговата деветта декада.“  

Посебен придонес кон појавата на оваа книга дадоа Филип Димевски, главен уредник на „Бегемот“, лекторката Ирена Ралева и Наталија Лукомска, која ликовно ја уреди оваа книга со оригинален квадратен формат. Оригиналното решение на кориците е дело на стрип авторот Ѓорѓе Јовановиќ, користејќи за заштитен знак една своја, модернизирана верија на „Жолтото момче“, еден од најстарите стрип јунаци.  

                Книгата „Стрип-деветта уметност“ финансиски е подржана од македонското Министерство за култура.                                                                                                                            /крај/

Kорици од претходно издание на книгата, 1987 година

Kорици од претходно издание на книгата, 2002 година

Кон книгата „Стрип – Деветта уметност“ на Томислав Османли


Uz treće uzdanje knjige o stripu Tomislava Osmanlija

242512727_668629017860165_839707360978989956_n

UZ TREĆE IZDANJE KNJIGE O STRIPU TOMISLAVA OSMANLIJA, PODSJETNIK NA 1987. GODINU I NA JEDNU RANG-LISTU!I redakcija “Poleta”, omladinskog lista, kojoj sam ja pripadao (ona u kojoj je glavnokomandujući bio Zoran Simić), nastavila je s tradicijom da krajem svake kalendarske godine radi izbore onog najboljeg (pa i – najgoreg) u protekloj godini u raznim kategorijama.Tako sam i ja napravio izbor 10 najvažnijih događaja koji su se izdešavali od siječnja do prosinca u 1987. na području stripa.Moja rang-lista je u svakom slučaju za mnoge stripaše predstavljala subverziju, ali to nije – naravno – bio moj problem.Tako sam kao događaj godine proglasio gostovanje francuskog autora (porijeklom iz “naših” krajeva), inače tada jedne od najsjajnijih strip-zvijezda na Starom kontinentu, Enki Bilala u Beogradu.Za mene drugi najvažniji događaj u 1987. bio je izlazak stručne knjige “Strip – zapis čovječjeg lika”, prve knjige o stripu na makedonskom jeziku, Tomislava Osmanlija u izdanju “Mlad borec” iz Skoplja. Iza tog nakladnika stajala je tamošnja omladinska organizacija.Mi u Zagrebu, pa i kolege u Beogradu jedva da smo znali da uopće “postoji” makedonski strip, a kamoli da tamo postoji čovjek koji se njime seriozno bavi na analitički i estetski utemeljeni način.S obzirom da je Tomislav Osmanli sinoć u Skoplju promovirao već treće izdanje te svoje knjige (koliko shvaćam, prošireno i nadopunjeno u odnosu na protekla dva izdanja, knjiga se sada jednostavno zove STRIP – DEVETA UMJETNOST) prisjećam se te svoje rang-liste i opet ju činim javnom.Kao treća stvar po značenju nametnulo mi se redovno izlaženje strip-časopisa “Patak” u cjelosti posvećenog domaćem stripu, na kojem su se zajednički bili angažirali urednici Jelenko Topić i Krešo Zimonić, te ostale kolege na relaciji Slavonska Požega – Zagreb.Ostalih sedam događaja sam vrijedonosno rangirao ovako:4. Jugoslavensko savjetovanje “Djeca i strip” – organizirano na zagrebačkom sajmu knjiga Interliber, kojim je strip kao medij, kao umjetnost dobio još jedan “poen”!5. Izdavanje revije “Avantura” (nakladnik “Forum”, Novi Sad)6. Izložba hrvatskog stripa na festivalu “Napolicomics” (Italija), na kojem su prisustvovali supružnici Zdenka i Jules Radilović, te Igor Vilagoš7. Album “Barba Niko i Ivo” tandema Aljinović – Maurović (nakladnik “Dečje novine”, Gornji Milanovac)8. Strip-albumi “Svemironi” Lazara Stanojevića (MZ Lipovljani) i “Vuk za početnike” tandema Đoković – Bosnić (SIC, Beograd)9. Temat o stripu u beogradskom časopisu “Književna kritika”10. Osnivanje striparnice “Magaza” u Beogradu (prve striparnice u Jugoslaviji)


Кон книгата „Стрип – Деветта уметност“ на Томислав Османли

Импресивна студија за уметноста на стрипот

Во практичниот свет во којшто живееме, практична неопходност е специјализираноста за

сметка на сестраноста. Во светот на стрипот, што го прави засебен (творечки) универзум, случајот не е таков. Како комплексна уметност која во себе ги интегрира безмалку сите аспекти на човечката креативна дејност, енциклопедизмот (не нужно за сметка на специјализираноста) по однос на стрип-творештвото е не само неопходност туку и предуслов. А, за таквата полиматија поврзана со деветтата уметност на наше тло, како парагон несомнено стои личноста зад името Томислав Османли.

На општата публика г-динот Османли им е познат првенствено како исклучително способен

раскажувач и долгогодишен новинар. Неговата богата сценаристичка, драматуршка, критичарска и новинарска дејност, сама по себе, е атестат за прееминентноста на неговото неуморно творечко перо, а освоените бројни значајни признанија го поставуваат на самиот врв од културно-уметничкиот живот кај нас. За стрипофилите, пак, не само од нашата земја туку и од регионот, неговото име е неодвоиво врзано и со (историјата на) македонскиот стрип. Покрај што се потпишува како сценарист на неколку имагинативни, вешто реализирани приказни во слики, тој е и стрип-теоретичар и стрип-хроничар. Всушност, што сметам дека е битно да се истакне, Томислав Османли е втемелувач на историографијата на деветтата уметност во нашата земја и првиот кој кај нас теоретски го има обработувано стрипот.

Како потврда дека творештвото е неразделно врзано за авторот, во случајов особено што се

однесува до сестраноста и квалитетот, стои неговата најнова блескава творба: „Стрип – деветтата уметност“, која што топло ја препорачувам. Станува збор за исклучително значајно и ретко дело од областа на стрипот, со особена истражувачко-едукативна вредност. Воедно, тоа плени и со своите лингвистичко-стилски особености, нудејќи му на читателот вистински деликатес од навезени зборовни конструкции, без жртвување на јасниот тек на мислата. Секој еден што сакал да научи што стрипот претставува (но немал кого да праша), во оваа книга на Османли ќе пронајде опширен учебник. А, во услови кога стрипот се изучува во основното и средното образование по предметот ликовно образование, но не и на ликовната академија, последното тврдење од претходната реченица и не е само метафорично.

Во „Стрип – деветтата уметност“, како што загатнува насловот, Османли хируршки прецизно

ја обработува стриповската полисемичност, внимателно анализирајќи го неговиот јазик и законитостите што го прават стрипот засебна уметност, и темелно истражува низ неговото минато доловувајќи дел од најбитните дела од деветтата уметност. Наспроти општото непрецизно мнение за стрипот како ништо повеќе од жанровска определба, засилено од холивудскиот тренд за филмување американски стриповски суперхерои, Османли одговара со пробивање на жанровските и тематски стеги и оди отаде стилските лимитации. И, водејќи се од мислата на стрип класикот Берн Хогарт за тоа дека „стрипот не треба да се бори да стане уметност, зашто тој веќе е тоа, но треба да се бори за неговото рамноправно место меѓу другите уметности“, Османли ѝ пристапува на оваа уметност како на (вистинска) уметност – академски, со сериозна посветеност и задлабочено.

Во оваа своја најнова книга, Османли не го лишува стрипот ниту од медиумската димензија и традиционално поимање, а не испушта да го спомене ниту неговото богато наследство и не многу експонирана праисторија. Љубителите на „романчињата“ при читањето одредени сегменти од „Стрип – деветтата уметност“ ќе евоцираат драги спомени од своите омилените стрипхерои. Дел од поглавјата во оваа книга се посветени на: Таличниот Том, Алан Форд, Темниот витез, Челичниот човек… Но, она што во неа претставува висока нота по однос на историското наследство на стрипот е што Османли во ниту еден миг не ја сведува деветтата уметност на обична носталгија. Тој во својата студија инспиративно го слика стрипот со правите бои, како урбан феномен, уметност без граници со неверојатна привлечност и за современието и постмиленијалните генерации. На тој начин тој го користи минатото за трасирање на иднината, со верба дека тоа ќе изроди побогата домашна стрип-сцена и продукција.

За мене, што верувам дека ќе е случај и кај сите вљубеници во стрипот кај нас, особено значај

но е токму поглавјето посветено на домашната стрип-сцена. Во него, што како единствен случај претставува подвиг без конкуренција и мерило за сите идни слични публикации, е направен пресек на целокупното домашно творештво на (с)ликовно-секвенцијални дела. Почнувајќи од Желимир Книвалд, првиот што на територијата на нашата земја креирал и објавил стрип, информација која Османли прв ја има споделено пред јавноста, па до најновите стрип-таленти од добата на дигиталниот стрип, во „Стрип – деветтата уметност“ со биографски портрети се претставени стотина (!) домашни стрип-автори и пионери на оваа уметност.

Како своевидна огледална проекција за вредноста на публикацијата „Стрип – деветтата уметност“, можеме да се свртиме кон претходно објавените книги на Османли на истата тема, кои не само што се закитиле со значајни награди туку и веќе одамна се распродадени, што говори за нивната високо оценета (и од читателите и од критиката) вредност. И самиот како стрип-хроничар, автор на четири објавени книги од оваа област, многу пати досега сум се повикувал и сум ги цитирал неговите писанија. Во своите истражувања, сум забележал дека тие се обемно цитирани и од други автори во уште позначајни дела, како што е „Стриповите кои што ги сакавме: избор на стрипови и творци од просторот на бивша Југославија во XX век“, а сум забележал и случаи во кои иако авторите не биле акрибични, според вордингот и информациите јасно е дека црпеле инспирација од истражувањата на Османли. Впрочем, истражувањата на Томислав Османли, кој е основоположник на македонската стрип – историографија, ми беа главна инспирација и самиот да започнам да се занимавам со проучување на домашното стрип-наследство. Преку второто издание на неговата исклучително студиозна книга „Стрип – запис со човечки лик“, Османли беше оној што ми покажа дека стрипот има мноштво други аспекти, а не само ескапистичкиот, забавниот и хумористичниот. Мислам дека ние сѐ уште во потполност не го сфаќаме значењето кое тоа негово дело го има за развојот и унапредувањето на стрипот кај нас, затоа што нема како да се измери што би било кога не би постоело. Судејќи од досегашната пракса и неговиот квалитет, убеден сум дека и ова најново дело на Османли го очекува истиот позитивен прием.

Имајќи го предвид сето погоре наброено, и како автор и како обичен љубител на стрипот, би

сакал да ја искажам мојата силна препорака за книгата „Стрип – деветтата уметност“ на нашиот истакнат автор Томислав Османли. Со квалитетот кој ги надминува границите на нашата земја, во оваа импресивна студија за уметноста на приказните во слики, чие што објавување со нетрпение го очекував, верувам дека би уживал секој еден стрипољубец. Впрочем, моја цврста убеденост е дека нејзиното објавување ќе биде прибележано како најзначајниот македонски стриповски настан и тоа не само на оваа туку и на претстојните години, барем од неговата деветта декада.

Александар Стеванов

29 Сеп 2021

Освртот кон поемата, насловен „Задавен бес“ од Проф. Др Атанас…

Рецензија (Томислав Османли: „Бдеења Блажеви“ – Скопје, „Зеница“ 2021) Атанас Вангелов Поемата…

29 Сеп 2021

Глигор Стојковски: Тревожен вик на Томислав Османли

Во предговорот на новото дело на неуморниот Томислав Османли – „Бдеења Блажеви“,…